Тројца владетели и пет цареви

Тројцата владетели и петте цареви (кин.: 三皇五帝, транскр. Санхуанг вуди) биле митолошки владетели на Кина за време на периодот од ~ 2852 п.н.е. до 2205 п.н.е., времето кое ѝ претходи на династијата Сја.

Историја на Кина
Историја на Кина
Историја на Кина
ДРЕВНА
3 владетели и 5 цареви
Династија Сја 2100–1600 п.н.е.
Династија Шанг 1600–1046 п.н.е.
Династија Џоу 1045–256 п.н.е.
 З. династија Џоу
 И. династија Џоу
   Пролетно-есенски период
   Период на завојуваните држави
ЦАРСКА
Династија Ќин 221 п.н.е.–206 п.н.е.
Династија Хан 206 п.н.е.–220 н.е.
  З. династија Хан
  Династија Сјин
  Источна династија Хан
Три кралства 220–280
  Веј, Шу и Ву
Династија Ѓин 265–420
  З. династија Ѓин 16 кралства
304–439
  И. династија Ѓин
Јужна и северна династија
420–589
Династија Суј 581–618
Династија Танг 618–907
  ( Втора династија Џоу 690–705 )
5 династии и
10 кралства

907–960
Динстија Љао
907–1125
Династија Сунг
960–1279
  С. династија Сунг З. Сја
  С. династија Сунг Династија Ѓин
Династија Јуен 1271–1368
Династија Минг 1368–1644
Династија ЌинЃ 1644–1911
СОВРЕМЕНА
Република Кина 1912–денес
Народна Република
Кина

1949–денес
Република Кина
(Тајван)
1945–денес

Тројцата владетели уреди

Тројцата владетели или Тројцата возвишени биле кралеви-богови или полубогови кои им помагале на луѓето со своите магични моќи. Заради нивната возвишена доблест, ти живееле многу долго и владееле во мир.

 
Аулата на Тројцата владетели (三皇殿) во Чангчуен Се, таоистички храм во Вухан

Ним им се препишуваат разни идентитети во разни историски дела. Книгата „Записи на историчарот“ од Сема Ќен вели дека тие биле:

Делата „Јинтоу шу“ (運斗樞) и „Јианминг бао“ (元命苞) ги наведуват како:

Фу Сји и Нива биле богови-маж и жена од кои се смета дека потекнува човештвото по големата разорна поплава. За Шенунг се смета дека го измислил земјоделството и прв почнал да користи билки како лекови.

„Шангшу тачуан“ (尚書大傳) и „Пајху тунги“ (白虎通義) ја заменуваат Нива со Сујжен (燧人), изумителот на огнот. „Диванг шечи“ (帝王世紀) ја заменува Нива со Жолтиот цар (黄帝), претпоставениот предок на сите (хански) Кинези .

Петте цареви уреди

Петте цареви биле легендарни, морално совршени кралеви-мудреци. Според книгата „Записи на историчарот“ (Шеѓи) од Сема Ќен, тие биле:

Јао и Шуен се познати и како „Двата цара“, и, заедно со Ју Велики (禹), основачот на династијата Сја, се сметале за пример за владетели и морални архетипи од страна на конфуцијанците во подоцнежната кинеска историја. Делата „Шангшу Сји“ (尚書序) и „Диванг шеџи“ го наведуваат Шаошао (少昊) наместо Жолтиот цар.

Во „Песната на Чу“ (楚辭) се опеваат петте цареви како богови на страните на светот:

  • Шаошао (исток)
  • Џуансји (север)
  • Жолт цар (средиште)
  • Шенунг (запад)
  • Фу Сји (југ)

Книгата на обредите“ (禮記) ги поистоветува Петте Цара со Петте лози (五氏), кои се:

  • Јоучао-ше (有巢氏)
  • Сујжен-ше (燧人氏)
  • Фу Сји (伏羲氏)
  • Нива (女媧氏)
  • Шенунг (神農氏)

Во една смисла на зборот, првиот историски цар на Кина бил Ќин Ше Хуанг (秦始皇), кој го измислил поимот „цар“ (皇帝, хуангди) со комбинација на титулите „возвишен“ (皇, хуанг ) и „крал-бог“ (帝, ди).

Поврзано уреди

Претходник
Кинески династии
2852 - 2205 п.н.е.
Наследник
Сја

Предлошка:Chinese mythology