Петокнижје
Петокнижје[1][2] (хебрејски: חֲמִשָּׁה חֻמְשֵׁי תּוֹרָה— хамиша хумшеј Тора или — хумаш) или Петокнижие, познато и како Мојсеев закон, ги претставува првите пет книги од канонската хебрејска и христијанска Библија: Битие, Исход, Левит, Броеви и Второзаконие. Петокнижјето го претставува првиот дел од хебрејскиот Танах - Тора. Името Петокнижје е буквален превод од грчкиот πεντάτευχος од πεντε — „пет“ и τευχος — „книги“.
Структура на Петокнижјето
уредиНевозможно е да се одреди кога Тора била поделена на пет книги. Постои мислење дека оваа поделба е направена долго пред уништувањето на Вториот храм (што значи пред новата ера), но првото спомнување на поделбата на Тора на пет книги се појавува во Талмудот (3 век). Во секој случај, покрај чисто технички причини, поделбата настанала и поради структурата на тестот.
- Книгата Битие раскажува за создавањето на светот, за гревот на прародителите, за големиот потоп, потоа за историјата на старозаветните патријарси.
- Книгата Исход има пролог и епилог, што ја одвојува од другите книги, раскажува за егзодусот од Египет, примањето на Десетте заповеди на Синајската Гора и упатствата за изградба скинијата - односно начинот на кој живеел меѓу Израелците и водењето во ветената земја.
- Книгата Левит е главно посветена на свештеничките закони и храмската служба.
- Книгата Броеви раскажува за патувањето во пустината по добивањето на Законот за Синајската Гора и за војните што ги воделе Израелците освојувајќи области во Трансјорданија.
- Второзаконие е повторување на законите претставени во преодните книги на Петокнижјето, како и резиме на настаните од Исходот па наваму.
Книги на Петокнижјето
уредиХебрејски | Транскрипција | Превод | Македонски | Црковнословенски | Латински | Старогрчки |
---|---|---|---|---|---|---|
בְּרֵאשִׁיט | Берешит | Во почетокот | Битие | Бытїѐ | Genesis | Γένεσις |
שְׁמוֹת | Шемот | Имиња | Исход | Исхо́дъ | Exodus | Ἔξοδος |
וַיִּקְרָא | Ваиикра | И тој се вика | Левит | Левíтъ | Leviticus | Λευτικόν |
בְּמִדְבַּר | Бемидбар | Во пустината | Броеви | Чи́сла | Numeri | Ἀριθμοί |
דְּבָרִים | Дварим | Зборови | Второзаконие | Второзако́нїе | Deuteronomium | Δευτερονομιον |