Гаутенг
Гаутенг | |
---|---|
Површина | 18,178 км² |
Население | 12.272.263 |
Јазици: | зулу (21,5%) африканс (14,4%) сото (13,1%) англиски (12,5%) |
Раси: | Црнци (73,8%) Белци (19,9%) Обоени (3,8%) Азијци (2,5%) |
Главен град: | Јоханесбург |
Најголем град: | Јоханесбург |
Премиер: | Мбхазима Шилова (АНК) |
Гаутенг е покраина во Јужноафриканската Република. Покраината е формирана од делови на старата покраина Трансвал по првите слободни избори (за сите раси) на 27 април 1994. Оваа покраина прво била именувана како Преторија-Витватерсранд-Веренигинг, а прекрстена е во Гаутенг во декември 1994.
Гаутенг се наоѓа во срцето на Хајвелд. Тој е најмалата покраинаво ЈАР со само 1.4% од вкупната копнена површина, но е доста урбанизирана и има 12,272,263 жители, што ја прави втора најголема, по Натал.
Името „Гаутенг“ доаѓа од сотскиот израз која значи место со злато, а се однесува на успешната индустрија со злато која датира од пронаоѓањето на злато близу Јоханесбург во 1886 г.
Најјужната граница на Гаутенг е реката Вал која го дели од Фристејт, а исто така граничи и со Северозападната покраина, Лимпопо и Мпумаланга. Од административна гледна точка, Гаутенг е поделен на 3 метрополитенски општини и 3 областни општини (кои се поделени на 8 локални општини).