Јосиф Кумановско-осоговски

Митрополитот Јосиф (Прилеп, 1977) е поранешен митрополит Кумановско-осоговски.

Јосиф


Епархија Кумановско-осоговска
На должноста
17 септември 2013 – 22 мај 2020
Наследник Григориј
Лични податоци
Роден(а) 1977

Прилеп
Националност Македонец
Професија Митрополит на МПЦ-ОА
Вероисповед Православен христијанин

Образование

уреди

По завршувањето на средното образование, во 1995 година, се запишува на Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски” во Скопје, каде што дипломира во 2000 година со одбрана на дипломскиот труд „Иконите низ историјата на Црквата”.

Во 2001 година се запишува на постдипломски студии на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, каде што магистрира во јуни 2005 година, на тема „Сфаќањето на личноста во антропологијата на Св. Григориј Палама”.

Докторските студии ги завршува на Православниот богословски факултет во Скопје, со темата „Догматско-богословското учење за исихазмот во делата на Св. Јован Лествичник, Св. Симеон Нов Богослов и Св. Григориј Палама”.

Монашки живот

уреди

Замонашен е во 2005 година, кога е ракоположен и во јероѓакон, а следната 2006 година е ракоположен во јеромонашки чин.

Во 2009 година е произведен во игумен на Калишкиот манастир „Рождество на Пресвета Богородица”.

Со одлука на САС на Македонската православна црква во 2011 година е произведен во архимандрит.

На 28 јуни 2012 година е избран за епископ Лешочки. На 21 октомври 2012 година е хиротонисан во соборниот храм на Полошко-кумановската епархија и е поставен за викар на митрополитот Кирил.

На 17 септември 2013 година избран за митрополит на Кумановско-осоговската епархија, а устоличен е на 10 ноевмри 2013 г. во соборниот храм „Свети Никола”, во Куманово.

Во 2020 година се пензионира од митрополитската должност.

Библиографија

уреди
  • Автокефалноста на МПЦ‒ОА (интракохезијални предразговори за долгорочноста на nominatio auctoris на правниот сукцесор на Охридската архиепископија ‒ македонската православна црква) - во соавторство со митрополитот Григориј (2018)