Григориј Кумановско-осоговски
Митрополитот Григориј (Борче Љубомир Настески[1]) е архијереј на Македонска православна црква - Охридска архиепископија, со титула митрополит Кумановско-осоговски.
Епархија Кумановско-осоговска Григориј | |
---|---|
На должноста | |
Стапил 2020 | |
Претходник | Јосиф |
Лични податоци | |
Роден(а) | 16 јануари 1978 Прилеп |
Националност | Македонец |
Вероисповед | Православен христијанин |
ОбразованиеУреди
Митрополитот Григориј е роден на 16 јануари 1978 година во Прилеп, од татко Љубомир и мајка Ристана[2].
Основно и средно училиште завршил во родниот град, со одличен успех. Во 1996 година се запишал индустриски менаџмент на Техничкиот факултет во Битола, каде што дипломирал во 2001 година[2].
Магистерски студии завршува на Економскиот институт при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ - Скопје, во 2003 година, а докторирал на Институтот за социолошки и политичко‒правни истражувања во 2005 година[2]. На 14 јули 2006 година на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања ја одбрани докторската дисертација со наслов: “Влијанието на надворешната конкуренција врз стратегиите за диверзификација кај македонските банки“[3].
Во 2004 година запишува постдипломски студии на Богословскиот факултет при Универзитетот „Свети Климент Охридски“ во Софија[2]. На 13.09.2012 година јеромонахот д-р Григориј Настески ја одбрани докторската дисертација со наслов: „Христолошките и сотириолошките аспекти на евхаристиската реинтеграција на личноста“ на Софискиот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Р. Бугарија[4].
Монашки животУреди
Метанија за искушеник полага во декември 2003 година, а во чин ипоѓакон е ракопроизведен во мај 2004 година[2].
Во 2005 година, замонашен е во Манастирот Св. Леонтиј во Водоча, во чинот мала схима, од страна на митрополитот Наум. Истата година е ракоположен во чин јероѓакон.
Во чин јеромонах е ракоположен на 10 февруари 2006 година, во Манастирот Свети Георгиј и Свети Антониј Велики во Ново Село ‒ Струмица, каде што живее како собрат.
Во август 2007 година, заминува во ставропигијалниот манастир Рождество на Пресвета Богородица во Калишта ‒ Струга.
Во јануари 2015 година добива канонски прием во Кумановско‒осоговската епархија и од страна на надлежниот митрополит Јосиф е поставен за архијерејски заменик.
На 7 август 2015 година, во Манастирот Св. Јоаким Осоговски, од страна на митрополитот Јосиф е произведен во чин игумен.
Во 2016 година, со одлука на САС на МПЦ-ОА е избран за архимандрит[2].
АрхијерејУреди
21 мај 2020 година на предлог на Митрополит Кумановско-осоговски Јосиф е избран за епископ Сарандопорски, а на истата седница на САС на МПЦ-ОА е назначен за надлежен епархиски архијереј на Кумановско-осоговската епархија[2][5].
На 26 јули 2020 година во соборниот храм „Свети Никола Чудотворец“, во Куманово, од страна на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение со членовите на САС на МПЦ – ОА, е востоличен за митрополит на Кумановско-осоговската епархија[6].
БиблиографијаУреди
- Благобитие (2017)
- Автокефалноста на МПЦ‒ОА (интракохезијални предразговори за долгорочноста на nominatio auctoris на правниот сукцесор на Охридската архиепископија ‒ македонската православна црква) - во коавторство со митрополитот Јосиф (2018)
- ↑ https://www.uni-sofia.bg/index.php/bul/universitet_t/fakulteti/bogoslovski_fakultet2/specialnosti/doktoranti/pridobivane_na_obrazovatelna_i_nauchna_stepen_doktor/arhiv/ieromonah_grigorij_borche_lyubomir_nasteski_bogoslovski_fakultet
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 https://koe.mk/mitropolit/
- ↑ http://www.mpc.org.mk/vest.asp?id=1436
- ↑ http://www.mpc.org.mk/vest.asp?id=5258
- ↑ http://www.mpc.org.mk/vest.asp?id=7285
- ↑ http://www.mpc.org.mk/vest.asp?id=7308