Јосип Видмар (Љубљана, 14 октомври 1895 - Љубљана, 11 април 1992) – словенечки критичар, есеист и драматург, првоборец и политичар, член на МАНУ надвор од работниот состав (25 јули 1969) и на сите академии на науките и уметностите во Југославија.[1]

Јосип Видмар
Josip Vidmar
Роден 14 октомври 1895
Љубљана
Починал 11 април 1992
Љубљана
Националност Словенец
Занимање критичар, есеист, драматург, политичар, академик

Животопис

уреди
 
Родната куќа на Видмар во Љубљана

Видмар студирал филозофија и литература на повеќе европски универзитети, а дипломирал во Љубљана. Во времето на Првата светска војна бил во заробеништво во Русија. Бил долгогодишен драматург на Народно казалиште во Љубљана (1934–1942), по што преминал во илегалност. Бил еден од основачите на Освободилна фронта во својот дом (27 април 1941), член на Извршниот одбор и потоа претседател (14 јануари 1943 – 27 април 1953). Бил присутен делегат на Второто заседание на АВНОЈ, претседател на СНОС (од февруари 1944), претседател на Соборот на народите на Народното собрание на ФНРЈ (1945–1953), претседател на Президиумот на Народното собрание на Словенија и член на Президиумот на Сојузното народно собрание (до 1952). Неколку години бил редовен професор по теорија на драмата (1945–1950), а потоа директор на Институтот за литература при САНУ (1950– 1964). Бил избран за почесен доктор по книжевност на Љубљанскиот универзитет (1966), редовен член на Словенечката академија на науките и уметностите, член на МАНУ надвор од работниот состав (25 јули 1969) и на сите академии на науките и уметностите во Југославија. Преведувал од англиски, руски и француски јазик. Неговата библиографија има 784 библиографски единици.[1]

Творештво

уреди
  • Kulturni problemi slovenstva, Ljubljana, 1932;
  • Dnevniki, Ljubljana, 1968.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 274. ISBN 978-608-203-023-4.

Надворешни врски

уреди