Јодид

хемиски соединенија
(Пренасочено од Јодиди)

Јодидсоединение на јодот[2] со формална оксидациска состојба −1. Во секојдневието, јодидот најчесто се среќава како составница на јодираната кујнска сол пропишана со закон во многу земји. Две милијарди луѓе на светот страдаат од недостаток на јод во исхраната, кој е најголемиот меѓу спречливите предизвикувачи на умствена попреченост.[3] Јодидниот јон се бележи со I.

Јодид
Систематско име јодид[1]
Назнаки
20461-54-5 Ок
Бајлштајн 3587184
ChEBI CHEBI:16382
ChEMBL ChEMBL185537 Ок
ChemSpider 28015 Ок
14912
3Д-модел (Jmol) Слика
KEGG C00708 Ок
PubChem 30165
UNII 09G4I6V86Q Ок
Својства
Хемиска формула
Моларна маса 0 g mol−1
Конјуг. киселина јодоводород
Термохемија
Стандардна моларна
ентропија
So298
169,26 J K−1 mol−1
Слични супстанци
Други анјони
Дополнителни податоци
Освен ако не е поинаку укажано, податоците се однесуваат на материјалите во нивната стандардна состојба (25 °C, 100 kPa)
Наводи

Структура и особености на неорганските јодиди

уреди

Јодидот е еден од најголемите едноатомски анјони, со полупречник од 206 пикометри. За споредба, полесните халиди се значително помали: бромидот (196 пм), хлоридот (181 пм) и флуоридот (133 пм). Поради неговата големина, јодидот образува релативно слаби врски со највеќето елементи.

Највеќето јодидни соли се растворливи во вода, но помалку од сродните хлориди и бромиди. Бидејќи е голем, тој е помалку водољубив во споредба со помалите анјони. Поради ова, натриум јодидот е лесно растворлив во ацетон, што не важи за натриум хлоридот. Малата растворливост на сребро јодидот и олово јодидот го одразува ковалентниот карактер на овие метални јодиди. Присуството на јодидни јони се забележува од жолтиот талог кој слегува при обработната на раствор од сребро нитрат или олово(II) нитрат.[4]

Водените раствори на јодидните соли подобро го раствораат јодот од чистата вода. Овој ефект се должи на образувањето на тријодидниот јон, кој е кафеав по боја:

I + I2I
3

Редокс и антиоксидантни својства

уреди

Јодидните соли се благи редуктори и може да реагираат со кислород за да произвдат јод. Редукторот е хемиски збор за антиоксиданс. Неговите антиоксидантни својства можат да се изразат количествено како редокс-потенцијал :

2I ⇌  I2 +       E° = 0,54 волти (наспроти СВЕ)

Бидејќи јодидот лесно оксидира, некои ензими лесно се претвораат во електрофилни јодирачки агенси, потребни за биосинтезата на безброј природни производи кои содржат јод. Јодидите можат да делуваат како редуктори на антиоксиданси кои можат да го уништат озонот[5] and реактивни видови на кислородот како водород пероксидот:[6]

2 I + пероксидаза + H2O2 + тирозин, хистидин, липид итн. → јодосоединенија + H2O + 2 e (антиоксиданси).

Претставителни јодиди

уреди
Соединение Формула Изглед Се среќава како
Калиум јодид KI бели кристали јодна составница на јодираната сол
Јодоводород HI безбоен гас силна неорганска киселина
Сребро јодид AgI жолт прашок кој потемнува на светлина фотоактивна составница на фотографскиот филм
Тироксин
(3,5,3′,5′-тетрајодотиронин)
C15H11I4NO4 бледожолта цврста материја хормон неопходен за човековото здравје

Природна застапеност

уреди

Најчест јодиден минерал е јодаргиритот, природниот кристален облик на сребро јодид. Јодидните анјони понекогаш се среќаваат здружени со жива, бакар и олово, но минералите со такви состави се уште поретки.[7]

Други оксианјони

уреди

Јодот може да ги заземе оксидациските состојби −1, +1, +3, +5 или +7. Познати се разни неутрални јодни оксиди.

Оскид. состојба −1 +1 +3 +5 +7
Назив јодид хипојодит јодит јодат перјодат
Формула I IO IO
2
IO
3
IO
4
или IO5−
6

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Iodide - PubChem Public Chemical Database“. The PubChem Project. USA: National Center for Biotechnology Information.
  2. „јодид“ — Лексикон на македонскиот јазик
  3. McNeil, Donald G. Jr (16 декември 2006). „In Raising the World's I.Q., the Secret's in the Salt“. New York Times. Посетено на 4 декември 2008.
  4. Greenwood, Norman N.; Earnshaw, Alan (1997). Chemistry of the Elements (2. изд.). Butterworth-Heinemann. ISBN 0080379419.
  5. Pillar, Elizabeth A.; Guzman, Marcelo I.; Rodriguez, Jose M. (1 октомври 2013). „Conversion of Iodide to Hypoiodous Acid and Iodine in Aqueous Microdroplets Exposed to Ozone“. Environmental Science & Technology. 47 (19): 10971–10979. Bibcode:2013EnST...4710971P. doi:10.1021/es401700h. ISSN 0013-936X. PMID 23987087.
  6. Küpper FC; Carpenter LJ; McFiggans GB; и др. (2008). „Iodide accumulation provides kelp with an inorganic antioxidant impacting atmospheric chemistry“ (Free full text). Proceedings of the National Academy of Sciences of the United States of America. 105 (19): 6954–8. Bibcode:2008PNAS..105.6954K. doi:10.1073/pnas.0709959105. PMC 2383960. PMID 18458346.
  7. „Mineral/rock/commodity names containing 'iodide'. mindat.org. Посетено на 9 август 2022.

Надворешни врски

уреди