Јовче Петров Ќучуков познат повеќе како Јовче Ќучук[1] (9 август 1911, ВелесВелес, 9 ноември 1944) ― македонски партизан и деец на Комунистичката партија на Македонија во Велес. Еден од најистакните комунистички дејци од Велешко при народнотоослободителна борба. Тој бил убиен од страна на германски и бугарски фашистички војници при борбата за ослободувањето на градот Велес.

Јовче Ќучук
Слика од Јовче Ќучук
Роден(а)9 август, 1911
Велес, Косовски Вилает, Отоманска Империја
Починал(а)9 ноември, 1944
Велес, Царство Бугарија

Животопис

уреди

Јовче Ќучук бил роден во сиромашно семејство која што се наоѓала во другата страна на реката Вардар во градот Велес,[2] заради неговите сиромашни услови тој имал само четиригодишно основно школско образование. После завршувајќи нсо основното школско образование тој се вработил во градскиот монопол, служел во армијата на кралството на СХС пред почетокот на втората светска војна тој исто работел како наемен.[3] Во рани години тој бил интерисиран со социјализмот и почнал да учествува во активности на КПЈ, и покрај 1935 тој успешно се приклучува во партијата. Ќучук брзо станал еден од најистакните и главните членови во комитетот во Велес покрај април 1941 година.[4] Во 1938-1939 почнал да станува повеќе политички активни и организирал протести и демострации.[5]

Кога Македонија потпаднала на бугарската фашистичка окупација Ќучук почнал активно да учествува против новиот формиран фашистички режим. Ќучук заедно со Димко Митрев покрај нивните домови почнале да ги пренесуваат изданија за велешкиот партизански весник „Народен билтен[6] но после беше откриено од Бугарија и уништено. Ќучук почнал да собира остатоци на оружја и користејќи неговото искуство ги поправал и ги продавал на велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“.[3] Во 2 декември 1941 бил уапсен од страна на фашистичката влада на Бугарија и префрлен во затвор во Скопје.

Покрај втората половина на 1942 го префрлиле во Златарица, Царство Бугарија, таму бил до 1943.[7] Во септември 1944 година фашистичката влада на Бугарија обидуваше да го осуди за смрт но биле неуспешни. Ќучук се вратил во Велес и се приклучил во Комунистичката партија на Македонија и станал еден од главните водачи во Велешкиот регион. Во ноември 1944 година тој се приклучи во 3та Македонска ударна бригада и во ноември 9ти 1944 учествувал во ослободувањето на Велес. Тој не преживеал при битката заради тоа што кога се обидувал да ја деактивира бомбите покрај железничкиот мост бил убиен од германски и бугарски фашистички војници.[8]

Наводи

уреди
  1. Во постари македонски комунистички литератури тој беше именуван како „Јовче Чучук“ причината за тоа не е познат. Кога прв пат беше изградена велешката спомена костурница гробот на Ќучук го именувал како „Чучук“, но после независноста на Македонија беше корегирана грешката, за повеќе информации видете Spomenik Database for Veles.
  2. Инадески, Митре (1961). Ilegalnite tehniki vo Makedonija vo narodnosloboditelnata vojna. Kultura. стр. 62.
  3. 3,0 3,1 Малковски, Ѓорѓи (1985). Велес и Велешко во Народно ослободителна војна 1941-1945, Спомен книга. Општински одбор на сојузот на здруженијата на борците од НОВ - Титов Велес. стр. 129–130.
  4. Зографски Данчо (1969). Veles i Veleško vo narodnoosloboditelnata vojna 1942. Opštinski odbor na Sojuzot na Združenijata na borcite od NOV. стр. 55.
  5. Ивановски, Владо (1985). Martovskite nastani 1941 godina vo Makedonija so posoben osvrt na Skopje materijali i diskusija od Trkaleznata masa održana na 26 mart 1981 godina vo Skopje na tema "Martovskite nastani 1941 godina vo Makedonija so posoben osvrt na Skopje". Gradska konferent︠s︡ii︠a︡ na Socijalističkiot sojuz na rabotniot narod na grad Skopje. стр. 101.
  6. Институт за национална историја (Skopje, Macedonia) (1982). Гласник на Институтот за национална историја, Том 26. Институт. стр. 255.
  7. Гигов, Страхил (1975). Seḱavanja. Naša Kniga. стр. 200.
  8. Сеќавање: Учеството на едно момче во ослободувањето на Велес (2020) од Љупчо Данов