Марија Велика Комнина
Марија Велика Комнина била византиска царица, сопруга на византискиот царот Јован VIII Палеолог[1].
Марија Велика Комнина | |
---|---|
Византиска царица | |
На престол | 1427–1439 |
Починал(а) | 1439 |
Сопружник | Јован VII Палеолог |
Династија | Палеолози |
Татко | Алексиј IV Комнин |
Мајка | Теодора Кантакузина |
Вероисповед | православие |
Марија била ќерка на Алексиј IV Комнин, цар на Трапезунд, и на Теодора Кантакузина. Во септември 1427 Марија била мажена за цар Јован VIII Палеолог[2]. Ова бил трет брак на византискиот цар. Првата сопруга, Ана Василиева починала во 1417 година, а вториот брак со Софија Монфератска е раскинет во 1426 година. Бидејќи од неговите претходни два брака Јован VIII немал деца, тој се оженил за Марија Трапезундска со надеж дека ќе обезбеди наследници на престолот. Бракот на Марија и Јован VIII продолжил 12 години, но исто така не оставил наследници. Сфранцес го наведува датумот на смртта на Марија, 17 декември 1439 година. Според Стивен Ринсиман, царицата починала од чума.
Јован VIII починал без наследник, а на престолот се качил неговиот брат Константин XI, кој во тоа време веќе бил вдовец и никогаш не се оженил повторно. Управувањето траело до заземањето на Цариград од Турците (29 мај 1453) и конечното распаѓање на империјата. Така Марија Трапезундска останува во историјата како последната царицата на Византија.
Наводи
уреди- ↑ William Miller is error saying she "married the Byzantine Emperor John VI., just as her aunt Eudokia had married his grandfather John V": John VI Kantakouzenos was co-emperor with John V. This mistake is easily explained by the loss of two characters, either by Miller's pen or the typesetter's fingers. Trebizond: The last Greek Empire of the Byzantine Era: 1204-1461, 1926 (Chicago: Argonaut Books, 1969), p. 80
- ↑ Chronicle 14:3-4; translated by Marios Philippides, The Fall of the Byzantine Empire: A Chronicle by George Sphrantzes, 1401-1477 (Amherst: University of Massachusetts, 1980), p. 30
Марија Велика Комнина Роден(а): ? Починал(а): 1439
| ||
Претходник Софија Монфератска |
Византиска царица 1427–1439 |
Нема, Распаѓање на Византија |