Јован Таневски (Петрев)

македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
Ова е објавената верзија, проверена на 23 април 2021. Промени во предлошки чекаат на преглед.

Јован Петрев Таневски ( 1916 во Дебар1945 во Гарешница, Пакрац, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Јован Таневски
Роден 1916 година
Дебар, Македонија
Починал април/мај, 1945 година
Гарешница, Пакрац, Хрватска

Животопис

уреди

Роден е во работничко семејство. Откако го завршил основното училиште, изучил плетачки занает. По окупацијата на Македонија, се доселил во Скопје. Работел како општ работник. Во градот се запознал со народно-ослободителното движење. Така станал симпатизер на НОВ. Од 1943 година организирано учествувал во борбата против окупаторот. Собирал народна помош, растурал летоци и слични акции. Во септември 1944 година стапил во Дванаесеттата македонска ударна бригада. Во состав на истата учествувал во борбите против балистите во близината на градот. По ослободувањето на Македонија се префрлил во Четиринаесеттата македонска ударна бригада. Со неа заминал на Сремскиот фронт. Како искусен борец бил поставен за командир на вод. Учествувал во борбите за ослободувањето на Срем и на поголем дел од Хрватска. Во една од битките за ослободувње на Гарешница близу Пакрац, бил тешко ранет. Веднаш потоа бил пренесен на лечење во болница, каде им подлегнал на раните.

Наводи

уреди
  1. Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 141. На |first= му недостасува |last= (help)