Ѓуро Митрески ( 1923 во Малкоец, Кичевско1945 во Шар Планина) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Спомен обележје за паднатите борци и цивилни жртви во и од Малкоец, меѓу кои е ѝ името на Ѓуро Митрески.

Животопис

уреди

Потекнувал од семејство кое претежно се занимавало со земјоделие. Во летото 1943 година бил прифатен од позадинските работници во селото, а во есента истата година отишол партизан во Групата баталјони. Со заминувањето на Бригадата за Егејска Македонија, останал во реонска чета, а во 1944 година повторно се приклучил во партизанските единици и бил распореден во Шестата македонска ударна бригада. Со Бригадата учествувал во повеќе борби низ Кичевско и Гостиварско. Загинал во есента 1945 година при расчистувањето на балистичките банди низ Шар Планина.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 154.