Ѓуришки Манастир (Трстеник)
Оваа статија е за археолошкото наоѓалиште. За манастирот, видете Ѓуришки манастир.
„Ѓуришки Манастир“
| |
Местоположба | 41°54′11″N 21°50′15″E / 41.90306° СГШ; 21.83750° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Трстеник |
Општина | Свети Николе |
Тип |
|
Период | римско време |
среден век | |
Портал „Археологија“ |
Ѓуришки Манастир — археолошко наоѓалиште во светиниколското село Трстеник. Се наоѓа во дворот на Ѓуришкиот манастир. Претставува осамен наод од римско време и среден век. Според Никола Вулиќ, имало два фрагмента од надгробна плоча со старогрчки натпис, покрај кој, лево и десно, имало релјефно претставени полумесечини. Во манастирскиот комплекс, во педесеттите години бил откопан гроб и во него се најдени медалјон со иницијали МР и златни обетки, кои Блага Алексова ги поврзува со Марија Палеолог. Во еден од ѕидовите на манастирската штала се вградени базис од столб и фрагмент од надгробна плоча со старогрчки натпис. Гробниот наод се чува во Музејот на Македонија во Скопје, базисот во Народниот музеј во Свети Николе, а фрагментот од надгробната плоча стои на самото место.[1]
Поврзано
уреди- Барковица — доцноантичка населба;
- Градиште — утврдена населба од доцноантичкото време;
- Ѓуришки Манастир - Венец — гроб од доцноантичкото време;
- Селиште — населба од римското време;
- Средно Градиште — некропола од доцноантичкото време;
- Стара Црква — средновековна црква;
- Трстеник;
- Список на археолошки наоѓалишта во Светиниколско;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 361, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |