Венец (Трстеник)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Ѓуришки Манастир - Венец“
| |
Гробови во дворот на манастирот | |
Местоположба | 41°54′11″N 21°50′15″E / 41.90306° СГШ; 21.83750° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Трстеник |
Општина | Свети Николе |
Тип |
|
Период | доцноантичко време |
Портал „Археологија“ |
Венец — археолошко наоѓалиште во светиниколското село Трстеник. Претставува гроб од доцноантичко време. Се наоѓа во непосредната близина на манастирската црква „Рождество на Пресвета Богородица“ на Ѓуришки манастир во месноста Венец, во која е подигната станицата на Метеоролошкиот завод од Скопје. При изградбата на објектот, со механизацијата бил откриен и делумно оштетен гроб – тип циста, граден од камени плочи, поставен во правец североисток-југозапад. Дното на гробот било покриено со четвртести тули наредени една до друга и врзани со варов малтер. Погребувањето е со инхумација, а покрај левиот колк на покојникот е најдено керамичко сатче – бокал со црвеникава боја.[1]
Поврзано
уреди- Барковица — доцноантичка населба;
- Градиште — утврдена населба од доцноантичкото време;
- Ѓуришки Манастир — осамен наод од римското време;
- Селиште — населба од римското време;
- Средно Градиште — некропола од доцноантичкото време;
- Стара Црква — средновековна црква;
- Трстеник;
- Список на археолошки наоѓалишта во Светиниколско;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 361, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |