Ѓорѓи Теодосиев
Ѓорѓи Поп Ѓоргиев Теодосиев (бугарски: Георги Теодосиев; Горна Орјаховица, Бугарија, 21 јануари 1894 - Русе, Бугарија, 9 јуни 1978) — бугарски правник, општественик, деец на Внатрешната Добруџанска Револуционерна Организација и херој за ослободувањето на Добруџа.
Ѓорѓи Теодосиев Георги Теодосиев | ||
Роден | 21 јануари 1894 Горна Орјаховица, Бугарија | |
---|---|---|
Починал | 9 јуни 1978 Русе, Бугарија |
Животопис
уредиЃорѓи Поп Ѓоргиев Теодосиев е роден на 21 јануари 1894 во Горна Орјаховица, Бугарија. Завршил во машката гимназија "Кнез Борис" во Русе по што се преселува во Софија каде што учи и завршува право во универзитетот. По дипломирањето на универзитетот се враќа во Русе каде што станува апелационен државен адвокат и општественик во 1930-те. Понатаму го формира друштвото "Добруџа" и станува претседател на истото. Во неколку наврати пишувал за проблемите на Добруџа под романска власт.
Понатаму го создава читалиштето "П. Р. Славејков" во Русе и Русенската уметничка галерија. Автор е на студијата за рано починатиот талентиран уметник Васил Стефанов-Чиле. Бил член на масонската група "Дунавска звезда" во Русе. Бил член и на Внатрешната Добруџанска Револуционерна Организација со што во 1943 г. поради заслуги кон татковината бил предложен за добивање на народна пензија. Следната година на 9 септември 1944 г. е уапсен и испратен во работниот камп "Росица" каде што останува до јануари 1946 г. Подоцна адвокатските права му се возобновени. Умира на 84 годишна возраст во Русе, Бугарија.