В гроб ништо не носиш

(Пренасочено од You Can't Take It With You)

„В гроб ништо не носиш“ (англиски: You Can't Take It With You) — американски филм од 1938 година во режија на Френк Капра. Тој претставува адаптација на истоимената театарска претстава на Џорџ С. Кофман и Мос Харт, наградена со Пулицеровата награда за драма.[1]Главните улоги ги играат: Џин Артур, Џејмс Стјуарт, Лајонел Баримор, Едвард Арнолд. Филмот освоил две награди „Оскар“ (од вкупно седум номинации): за најдобар филм и за најдобар режисер.[2] Тоа бил третиот „Оскар“ на Капра освоен во период од пет години.[3]

„В гроб ништо не носиш“
Филмскиот плакат
РежисерФренк Капра
ПродуцентФренк Капра
Главни улогиЏин Артур
Лајонел Беримор
Џејмс Стјуарт
Едвард Арнолд
МузикаДимитри Тимкин
Миша Бекаленикоф (без заслуга)
Бен Окленд (без заслуга)
КинематографијаЏозеф Вокер
МонтажаЏин Хевлик
ДистрибутерColumbia Pictures
Премиераавгуст 23 1938 (1938-08-23)
Времетраење126 минути
Земја САД
ЈазикАнглиски
Буџет$1,644,736 (проц.)
Бруто заработкаРенти:
$2,137,575 (САД)
$5,295,526 (свет)
Џејмс Стјуарт и Џин Артур

Синопсис

уреди

Стенографката Алис Сикамор (ја игра Артур) живее во необично семејство во кое сите се забавуваат. Таа е вљубена во својот шеф, Тони Кирби (го игра Стјуарт), потпретседател на голема фирма чиј сопственик е неговиот лаком татко, Ентони Кирби (го игра Арнолд). Ентони сака да ја купи куќата на Мартин (го игра Баримор), дедото на Алис, но тој упорно одбива да ја продаде куќата. Најпосле, Тони ја бара Алис за жена, а таа го кани дома за да се запознаат нивните семејства. За време на посетата на семејството Кирби на семејството Сикамор се случуваат повеќе непријатности кои завршуваат со голема експлозија поради која се уапсени сите присутни во куќата. За време на судењето, родителите на Кирби се однесуваат со презир кон семејството Сикамор поради што Алис ја раскинува врската со Тони, а потоа ја напушта куќата. По некое време, дедото Мартин решава да ја продаде куќата. Додека носачите ја празнат куќата, во неа влегуваат Тони, кој не сака да ја загуби Алис, а потоа се појавува и Ентони Кирби, кој ја сфаќа својата грешка.


Наводи

уреди

|group11 = 2020-ти |list11 = Земја на номадите (2020) • CODA (2021) • Сè насекаде одеднаш (2022) }} </noinclude>