Тврдокрилци

(Пренасочено од Тврдокрилец)
Тврдокрилци
Период: Ран Перм - денес
Lucanus cervus, елењак
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Arthropoda
Класа: Insecta
Поткласа: Pterygota
Инфракласа: Neoptera
Надред: Endopterygota
Ред: Coleoptera
Linnaeus, 1758
Подредови

Adephaga
Archostemata
Myxophaga
Polyphaga
Видете и подгрупи на редот тврдокрилци

Тврдокрилците го образуваат редот на инсекти означен како Coleoptera. Тоа е ред со најголем број на видови (околу 350 000[1]), при што сочинува околу 40% од сите инсекти, a 25%[1] од сите форми на живот. Најголема група на тврдокрилци е фамилијата на чурулкарите (Curculionidae).

Овие инсекти можат да се најдат во речиси сите копнени и слатководни станишта (со исклучок на поларните области), но не се сретнати во морињата. Најчесто се исхрануваат со растенија и габи, го разградуваат растителниот и животинскиот отпад и јадат други безрбет. Тука се вклучени некои земјоделски штетници, како компировата златица (Leptinotarsa decemlineata), црвената брашнеста бубачка (Tribolium castaneum) и др., додека други видови се важни во контролата на популациите од земјоделски штетници, како на пример тврдокрилците од фамилијата на бубамари (Coccinellidae), кои се исхрануваат со растителни вошки, памучни вошки, трипси и други инсекти кои се хранат со растителни сокови.

Одлики

уреди
 
Еленче, фотографирано во Полог

Тврдокрилците во својот животен циклус подлежат на целосна метаморфоза (што значи имаат ларвален и куклен стадиум). Карактеристично за нив е што предните крила образуваат цврсти заштитни покрилци — елитри — под кои се собрани задните крила (кога инсектот не лета). На местото на сретнување на двете елитри, на средишниот грбен дел, се образува права линија која веројатно е една од најзабележливите одлики на редот. Мускулите за лет во мезотораксот се изгубени. Главената капсула се одликува со цврст вентрален (гуларен) затворач, антените се во основа 11-члени, додека усните делови се од гризачки тип со 4-сегментни магзиларни палпи. Протораксот е голем и слободен. На абдоменот отсуствува стернитот I, стернитот II најчесто е мембранозен и затскриен, а сегментот X е вестигијален, при што отсуствуваат церци. Женката поседува еден пар на гонапофизи на сегментот IX. Постојат четири или шест Малпигиеви цевчиња, кои често се криптонефрични. Речиси секогаш отсуствуваат вистински лабијални жлезди.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 James K. Liebherr and Joseph V. McHugh in Resh, V. H. & R. T. Cardé (Editors) 2003. Encyclopedia of Insects. Academic Press.