Саломон Милер
(Пренасочено од Salomon Müller)
Саломон Милер (германски: Salomon Müller; 7 април 1804 – 29 декември 1864) — германски природонаучник. Роден е во Хајделберг, а починал во Фрајбург.
Татко му бил седлар во Хајделберг. Во 1823 г, заминал за Источните Инди заедно со Хајнрих Боје и Хајнрих Кристијан Маклот, со намера да собираат примероци по налог на холандскиот зоолог Кунрад Јакоб Теминк. Во 1826 г. ја посетил Индонезија, во 1828 г. Нова Гвинеја и Тимор, во 1831 г. престојувал на Јава, а во периодот помеѓу 1833 и 1835 г. бил на Суматра.
Оваа биографска статија за личност од Германија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |