Валетудо (месечина)

(Пренасочено од S/2016 J 2)

Валетудо (или Јупитер LXII, првично S/2016 J 2) — месечина на Јупитер.[4][5] Откриена е од американскиот астроном Скот Шепард и неговата екипа од податоците добиени со Магелан-Бадеов телескоп (6,5 м) во опсерваторијата „Лас Кампанас“ во 2016 г., но објавен дури на 17 јули 2018 г. во службениот распис на Центарот за мали планети, каде биле објавени уште девет новооткриени Јупитерови месечини.[1] Освен податоците од „Лас Кампанас“, во изворната се наведуваат и податоци добиени од телескопот „Џемини Север“ (8,1 м) („Мауна Кеја“), како и рефлекторскито телескоп на Меѓуамериканската опсерваторија „Серо Тололо“ (4 м).

Валетудо
Слика на Валетудо од 28 февруари 2003 г.
Откривање[1]
ОткривачСкот Шепард и др.
Откриено во„Лас Кампанас“
Откриено9 март 2016
Ознаки
Наречена по
Валетудо
S/2016 J 2
Орбитални особености [2]
Епоха 17 декември 2020 (ЈД 2459200,5)
Лак на набљудување15,22 г. (5.558 дена)
0,1257974 ае (18.819.020 км)
Занесеност0,2018315
+1,44 г. (+527,41 д)
201,41718°
0° 40м 57.274с дневно
Наклон32,03294° (кон еклиптиката)
235,45916°
122,37546°
Месечина наЈупитер
Физички особености
Среден пречник
1 км[3]
24,0[3]
17,0

Особености

уреди

Месечината има пречник од околу 1 км и кружи околу Јупитер на растојание од 19 милиони километри. Има наклон од 34° и занесеност од 0,222.[3] Оди по напредна орбита која ја завршува за година и пол, но ги пресекува патеките на неколку други месечини кои имаат повратни орбити и претставуваат опасност за судири во иднина.[6]

Валетудо ја носела првичната ознака S/2016 J 2 сè додека не добила име во 2018 г. Името ѝ е дадено по Валетудо, римската божица на здравјето и чистотата и правнука на Јупитер.[6] Одобрено е од МАС на 3 октомври 2018 г.[7]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „MPEC 2018-O09 : S/2016 J 2“. Minor Planet Center. International Astronomical Union. Посетено на 17 јули 2018.
  2. „M.P.C. 128893“ (PDF). Minor Planet Circular. Minor Planet Center. 27 јануари 2021. Посетено на 23 февруари 2021.
  3. 3,0 3,1 3,2 Sheppard, Scott S. „Moons of Jupiter“. sites.google.com. Посетено на 17 јули 2018.
  4. Resnick, Brian. „The Jupiter Satellite and Moon Page“. Vox. Посетено на 17 јули 2018.
  5. Grush, Loren. „Astronomers have found a new crop of moons around Jupiter, and one of them is a weirdo“. The Verge. Посетено на 17 јули 2018.
  6. 6,0 6,1 Strickland, Ashley. „12 new moons discovered around Jupiter“. CNN International. CNN. Посетено на 17 јули 2018.
  7. USGS Astrogeology Science Center, Nomenclature News: Name Approved for Jovian Satellite: Valetudo