S.A.R.S.
Свеже ампутирана рука Сатријанија (скратено S.A.R.S.) е српска музичка група од Белград. Нивната музика е комбинација од поп, рок, реге, хип-хоп и блуз, со елементи од традиционалната српска народна музика.
Свеже ампутирана рука Сатријанија | |
---|---|
Познат(а) и како | S.A.R.S. |
Потекло | Белград, Србија |
Жанрови | алтернативен рок, поп рок, реге, блуз, џез, етно музика, хип-хоп |
Период на активност | 2006 – до денес |
Издавачи | PGP-RTS, ZMEX, MTV |
Соработници | VHS, MVP, Discord, Mašta Bašta |
Членови | |
Александар Луковиќ Драган Ковачевиќ Петар Милановиќ Борис Тасев Ненад Ѓорѓевиќ Сања Лалиќ Тихомир Хиниќ Жарко Ковачевиќ | |
Поранешни членови | |
Бранислав Лучиќ Милош Бакаловиќ Милош Ковачевиќ Владимир Поповиќ Горан Младеновиќ Ивана Блажевиќ |
Биографија на групата
уредиГрупата е основана во март 2006 година во Белград од Александар Луковиќ - Лукац и Драган Ковачевиќ - Жабац. Првата постава на групата беше составена од: Жарко Ковачевиќ - Жаре (вокал), Драган Ковачевиќ - Жабац (вокал), Владимир Поповиќ - Хобо (вокал), Александар Луковиќ - Лукац (гитара), Милош Ковачевиќ - Крива (бас гитара), Бранислав Лучиќ - Бебан (ударни инструменти), Горан Младеновиќ - Јапанац (тапани) и Ивана Блажевиќ - Виолина (виолина). Сите членови на групата потекнуваат од различни музички средини и интереси. Со спој на музичките правци и идеи од кои потекнуваат, настанува единствениот звук и стил на групата. По неколку помали свирки низ белградските клубови и настапот во нишкиот К.С.Т. (Клуб на студентите по техника) како дел од Мировниот караван, групата доживува криза. Во почетокот на 2008 година, басистот Крива заминува во војска, а Јапанац и Виолина го напуштаат групата, и тој привремено престанува да работи.
Во тој период, еден пријател на групата (Синиша - кум) кој бил запознаен со нивната работа, ја симнува песната „Буђав лебац“ (снимена во скромни услови) од нивниот myspace профил, прави видео за неа и го поставува на Youtube.
Песната „Буђав лебац“ остварува неверојатно голема популарност во Србија и земјите од поранешна Југославија. „Буђав лебац“ е најслушана песна на Youtube во рамките на српскохрватското говорно подрачје (со исклучок на турбо-фолкот). Успехот и прифаќањето на песната Буђав лебац е посебен социолошки и културен феномен. Особено имајќи предвид дека се работи за сосема анонимна група без финансиска поддршка и класични медиумски промоции. Буђав лебац е песна на групата од алтернативната и андерграунд сцената, чиј единствен медиум за презентирање беше интернетот.
Феноменот „Буђав лебац” ги охрабрил преостанатите членови повторно да се соберат во средината на 2008 година и да продолжат со снимање на демо песни во Ресничката лабораторија на звукот (R.L.Z.). На групата ѝ се придружуваат и нови членови: Милош Бакаловиќ - Бакал (тапани) и Борис Тасев - Бора (клавијатура, хармоника).
Првиот албум на S.A.R.S.
уредиКон крајот на 2008 година, групата добива понуда да сними албум за националната издавачка куќа PGP RTS. Првиот албум, со помош од продуцентот Ѓорѓевиќ Миљеновиќ - Скај Виклер, е завршен за неколку месеци и објавен е во март 2009 година. Текстовите се напишани од Жабац и Хобо, музиката и аранжманите се работени од Жабац, Лукац, Скај Виклер и останатите членови од групата, а меѓу гостите во оваа верзија се појавуваат мулти-инструменталистите Немања Коиќ - Којот кој свири на тромбон во песните „Ратујемо ти и ја“ и „Зубарка“, мултиинструменталистот Александар Сале Седлар Богоев кој свири на бузуки во истите песни, Никола Демоња кој во истите песни свири на саксофон, тапанарот Владан Рајовиќ - Влада кој свири во „Зубарка“ и поранешната членка на групата Ивана Блажевиќ - Виолина која свири во песната „Синдром лидера мале странке“. Истовремено со албумот, излегува и анимираниот спот за песната „Буђав лебац“, кој е нацртан од српскиот илустратор Алекса Гаиќ. Набргу албумот е реиздаден и од издавачката куќа „Zmex“.
Групата добива награда за музичко откритие за 2008 година од TV Metropolis и освојува две награди од страна на публиката во гласањето кое било организирано од интернет магазинот Popboks за најдобар дебитантски групата и најдобар сингл во 2008 година. Меѓутоа, по само два месеци, новинарот на Popboks, Урош Смиљаниќ напишал статија на мрежното место b92 каде го навредил албумот на S.A.R.S.
Српската пливачка Наџа Хигл пред финалната трка на 200 метри градно во Рим 2009 година, во која поставила нов европски рекорд и станала светски шампион, ја пеела нивната песна „Буђав лебац“. Подоцна публиката на дочекот пред градското собрание на Белград го скандиралo рефренот на песната, а на дочекот организиран во нејзина чест во родното Панчево, настапила и групата S.A.R.S. во чија изведба се приклучила и самата Наџа.
Промени во составот
уредиВо средината на 2009 година доаѓа до големи промени во составот на групата. Хобо, Крива, Бебан и Бакал не се повеќе членови на S.A.R.S., а на групата се приклучуваат нови членови: Ненад Ѓорѓевиќ - Џоле (бас гитара), Тихомир Хиниќ - Тихи (тапани), Петар Милановиќ - Пера (тромбон, саксофон) и Сања Лалиќ (придружен вокал). Поранешните членови на групата: Хобо (вокал), Крива (бас гитара), Бакал (тапани) и Виолина (виолина), и новиот член Страшни (гитара) продолжуваат со работа во новата група под името VHS (Very Heavy S.A.R.S.).
Во тој период, се појавил и вториот спот од актуелниот албум за песната „Дебели лад“, во кој по првпат се претставиле новите членови на групата на пошироката јавност. Во ноември 2009 година се појавил и третиот спот, и тоа за песната „Ракија“. Групата се има појавени и во емисијата „Фајронт република“ на телевизијата Фокс, и тоа со песните „Буђав лебац“ и „Ракија“, а има настапувано и на фестивалот „Раскршче“ и во таа прилика ја има изведено песната „Перспектива“. Групата истата песна ја изведел и на фестивал во Приедор.
Турнеја
уредиУште во октомври 2009 година, групата ја започнува својата прва голема турнеја. Најпрво свири на 23 октомври во спортската сала во Велика Плана, потоа на 29 октомври во Смедеревскиот културен центар, 31 октомври во клубот „Нирвана“ во Кикинда, 6 ноември во клубот „Привилиџ“ во Тузла, 7 ноември во загребскиот клуб „Колосеум“, 20 ноември во „Домот на железничката пруга“ во Сараево, а потоа следеше голем концерт на 28 ноември во белградскиот Младински центар, со кој се завршува оваа турнеја. За време на турнејата, групата имал и уште еден извонреден настап во Тузла.
По завршувањето на турнејата, групата влегува во студиото, за да го сними материјалот за својот следен албум. Во март 2010 година, групата се појавува и на MTV, каде што имал одличен настап. Излегувањето на вториот албум е очекувано кон средината на истата година.
Во почетокот на јануари 2010 година на РТС започнува со емитување серијата „Може и другачије“. S.A.R.S. е автор на музиката која се појавува во серијата, како и самата песна која се појавува во одјавната шпица.
Втор албум: „Перспектива“
уредиВториот студиски албум на S.A.R.S. е објавен на 31 декември 2010 година. Албумот е бесплатен и може да се преземе од локалните-регионални мрежни места на MTV.
Дискографија
уредиS.A.R.S. во 2009 година го издаде истоимениот деби албум на кој се наоѓаат следните песни:
- Интро: Птичји грип
- Буђав лебац
- Ибро
- Ракија
- Ана
- Ратујемо ти и ја
- Синдром лидера мале странке
- Дебели лад
- Ђуричко
- Будим се (-{feat.}- Скај Виклер)
- Зубарка
- Бонус: Буђав лебац -{(Rahmanee remix)}-