Ромски јазик

(Пренасочено од Rromani ćhib)

Ромскиот јазик [1] (изворно: rromani ćhib; разговорно наречен цигански[2]) е мајчиниот јазик на Ромите. Тој е дел од групата на индоариски јазици, поточно се класифицира или во централните индоариски јазици или во северозападни индоариски јазици. Доста често се класифицира и како своја посебна јазична гранка поради поголемиот број на сродни јазични варијанти.

Ромски јазик
Rromani ćhib
Зборуван во: Европа, Азија и во светот.
Вкупно говорници: 2,5 милиони
Јазично семејство: индоевропски
 Индоирански
  Индоариски
   Ромски јазик 
Статус
Службен во: признат како малцински јазик во:
 Македонија
 Србија
 Словенија
 Унгарија
 Германија
 Романија
 Русија
 Норвешка
 Шведска
 Финска
Регулиран од: не е регулиран
Јазични кодови
ISO 639-1: нема
ISO 639-2: rom
ISO 639-3: варијанти:
rom — Ромски (генеричко)
rmn — балканскоромски
rml — балтичкоромски
rmc — карпатскоромски
rmf — калофински ромски
rmo — синтискоромски
rmy — влашкоромски
rmw — велшкоромски
Ромски јазик
Писмо латиница
Пример Прв член од „Декларацијата за човекови права“
Текст Sa e manušikane strukture bijandžona tromane thaj jekhutne ko digniteti thaj čapipa. Von si baxtarde em barvale gndaja thaj godžaja thaj trubun jekh avereja te kherjakeren ko vodži pralipaja.
Македонски Сите човечки суштествa се раѓaaт слободни и еднакви по достоинство и правa. Tиe се обдарени со разум и совест и требa да се однесувaaт еден кон друг во дуxот на општо човечкaтa припaдност.
Портал: Јазици

Според ISO стандардите, јазикот е ставен во групата на макро јазици и се состои од седум под-јазици или големи дијалекти. Најголемиот дијалект е влашкоромскиот со околу 1,5 милиони говорници, потоа следат балканскоромскиот, карпатскоромскиот, синитскоромскиот, велшкоромскиот, калофинскиот и балтичкоромскиот.

Потекло на поимот

уреди

Ромскиот јазик од страна на Ромите се нарекува řomani čhib („ромски јазик“) или řomanes („на ромски [начин]“).[3] Ова потекнува од ромскиот збор řom, што значи или „член на ромската група“ или „сопруг“.[3]

Зборови и фрази

уреди
Састипе Здраво.
Сар сијан? Како си?
Со керес? Што правиш?
Ов састо Благодарам.
Нај пала состе!! Повели! (за возврат на благодарам)
Од кај сијан? Од каде си?
Сар бучхос туке? / Со си тјиро нав? Како се викаш?
Ме бучхов ман о ... Моето име е ... (машки род)
Ме бучхов ман е ... Моето име е... (женски род)
Миро нав си о/е... Моето име е... (алтернативен)
Ва Да
На Не
Тјири фамилија си ви туса? Дали е твојата фамилија со тебе?
Кај дјас? Каде одиш?
Чи пучаве тут Не те разбирам
Хачерес ман? Дали ме разбираш?
Т'авес манса Дојди со мене
Ава кари Дојди тука

Споредба со слични јазици

уреди

Називи на бројки на ромски, ломавренски и домарски со Хинди за споредба.[4]

хинди ромски ломавренски домарски
1 ek ekh, jekh yak, yek yika
2 do duj lui
3 tīn trin tərin tærən
4 cār štar išdör štar
5 pāñc pandž pendž pandž
6 che šov šeš šaš
7 sāt ifta haft xaut
8 āţh oxto hašt xaišt
9 nau inja nu na
10 das deš las des
20 bīs biš vist wīs
100 sau šel saj saj


Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Ромски јазик“ - Британика (англиски)
  2. „цигански - резултати од пребарување | Дигитален речник на македонскиот јазик“. www.makedonski.info. Посетено на 2020-07-09.
  3. 3,0 3,1 Matras (2005, 1.1 Names)
  4. според: Ian Hancock, On Romani Origins and Identity, RADOC (2007)[1]
  • Bakker Peter et al. 2000. What is the Romani language? Hatfield: University of Hertfordshire Press.
  • Hancock, Ian. 2001. Ame sam e rromane džene / We are the Romani People. The Open Society Institute, New York.
  • Lee, Ronald. 2005. Learn Romani Das-dúma Rromanes Hatfield: University of Hertfordshire Press
  • Masica, Colin. 1991. The Indo-Aryan Languages. Cambridge: Cambridge University Press.
  • Matras, Yaron. 2002. Romani: A linguistic introduction. Cambridge: Cambridge University Press.
  • Sarău, Gheorghe. 1997. Rromii, India şi limba rromani. Bucureşti.
  • Sarău, Gheorghe. 2000. Dicţionar rrom-român / Dikcionaro rromano-rumunikano. Dacia, Cluj-Napoca. ISBN 973-35-0987-6.

Надворешни врски

уреди