Влашкоромски јазик
Влашкоромскиот јазик, или влашкоромскиот дијалект, е поим со кој се опфаќаат ромските дијалекти кои се зборуваат на територијата од Албанија, преку Босна и Унгарија па сè до Романија и Украина.[2] Според некои извори оваа група дијалекти може да се смета и за засебен јазик.[3] Влашкоромскиот е најголема група ромски дијалекти. Повеќето од влашкоромските говорници живеат во Босна (проценка 300.000), а потоа Романија (241.617), Колумбија (79.000[4] и Албанија (60,000).
Влашкоромски јазик | |
---|---|
Застапен во | Босна и Херцеговина, Романија, Албанија, Унгарија |
Говорници | 900,000 (2002–2004)[1] |
Јазично семејство | индоевропско
|
Статус | |
Службен во | Официјално признат како малцински јазик во: Унгарија, Романија, Полска и Србија |
Јазични кодови | |
ISO 639-3 | rmy |
Дијалекти
уредиВлашкоромскиот е поделен на две подгрупи: северни (влашки I) и јужни (влашки II).[2]
- северни:
- чекешки (Русија)
- калдерашки (Романија)
- ловарски (Чешка, Унгарија)
- мачвајски
- северноукраински (Украина)
- јужни:
- Агија Варвара (Грција)
- прекмурски (Словенија)
- гурбетски (Србија)
- гурбетско-рабештенски (Србија и Црна Гора)
- калбурџуански (Бугарија)
- молдавски (Молдавија)
- призренски (Србија)
- ракаренгоански (Молдавија)
- тракиско-калајџиски (Бугарија)
Наводи
уреди- ↑ Влашкоромски јазик - Ethnologue (XVI изд, 2009)
- ↑ 2,0 2,1 Norbert Boretzky and Birgit Igla. Kommentierter Dialektatlas des Romani. Wiesbaden: Harrassowitz Verlag 2004. Teil 1: Vergleich der Dialekte.
- ↑ Ethnologue report
- ↑ The Ethnologue report; Ethnologue page on Colombia
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Влашкоромскиот на Етнолог