Return of the Obra Dinn (македонски: Враќањето на Обра Дин)[1]авантуристичка игра развиена и издадена од играчкиот дизајнер Лукас Поуп во 2018 г. за Windows и MacOS. Ова е втора трговска игра на Поуп, по Papers, Please, од 2013 г. Играта се одвива на измислениот призрачен брод „Обра Дин“, кој се вратил во домашното пристаниште без екипаж и патници неколку години по неговото таинствено исчезнување. Играчот, во улога на осигурителен истражител за Британската источноиндиска компанија, мора да ја одреди судбината на секој од шеесетте луѓе на бродот — местото и околностите на нивната смрт или исчезнување.[2] Играта користи еднобитен еднобоен графички стил вдахнат од игрите на раните системи Macintosh.[3] Return of the Obra Dinn добил исклучително високо признание од критичарите и бил удостоен со неколку награди во играчката индустрија, како и постојано прогласуван за една од најдобрите игри на годината и деценијата.

Return of the Obra Dinn

Издавач(и) 3909 LLC.
Дизајнер(и) Лукас Поуп
Уметник(ци) Лукас Поуп
Погон Unity
Подлоги
Датум на издавање
Жанр(ови) авантуристичка, загатка
Режим(и) едноиграчки

Наводи

уреди
  1. „Return of the Obra Dinn“ (руски). Steam. Архивирано од изворникот на 2020-10-03. Посетено на 2020-08-06. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)
  2. „Papers, Please creator Lucas Pope details his next game“. PC Gamer (англиски). Архивирано од изворникот на 2021-01-09. Посетено на 2017-11-24.
  3. Kohler, Chris (2018-10-18). „Return of the Obra Dinn: The Kotaku Review“. Kotaku (англиски). Архивирано од изворникот на 2021-01-18. Посетено на 2018-10-18. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)

Надворешни врски

уреди