Авантуристичка игра
Авантуристичка игра (англиски: adventure game) или игра за потрага (англ. quest game) — еден од главните жанрови видеоигри, кој е интерактивна приказна со главен лик управуван од играчот. Најважните елементи на авантуристичката игра се вистинското раскажување приказни и истражување светови, а клучната улога во играчкиот процес (англ. gameplay) е решавање загатки и задачи што бараат умствен напор од играчот. Елементите својствени за другите жанрови видеоигри, како што се борба, економско планирање и задачи што бараат од играчот брзо дејство и брз одговор се минимизирани или целосно отсутни во авантуристичките игри. Игрите што ги обединуваат карактеристичните црти на авантуристичките игри и акциониот жанр се класифицирани во посебен жанр — акционо-авантуристички.[1][2]
Наводи
уреди- ↑ Internet Archive, Ernest (2010). Fundamentals of game design. Berkeley, CA : New Riders. ISBN 978-0-321-64337-7.
- ↑ „The Colossal Cave Adventure page“. rickadams.org. Посетено на 2020-07-31.
Надворешни врски
уреди„Авантуристичка игра“ на Ризницата ? |