Omne Datum Optimum

(Пренасочено од Omne datum optimum)

Omne Datum Optimum (во превод од латински „Секој совршен предмет“, цитат од Јаковото послание) е името на папската була издадена од страна на папата Инокентиј II на 29 март 1139 во Латеран[1]. Со булата се признавал редот на сиромашните христијански витези од Соломоновиот храм (темплари), а во неа бил одреден темпларскиот правилник, и била утврдена нивната заштита од страна на папата. Во Omne Datum Optimum се ветувало и задржување на пљачките на редот од покорувањето на Муслиманите, а редот бил ослободени од плаќане на десетокот и плаќање данок.

Иако Omne Datum Optimum била невообичаена була, по неа биле донесени булите Milites Templi од страна на папата Целестин II во 1144 и Militia Dei од страна на папата Евгениј III во 1145, кои заедно на темпларите им дале посебен опсег на права и привилегии. Помеѓу другото, редот имал дозвола да гради сопствени цркви, да ги погребува мртвите во дворовите на тие цркви и да собира даноци од своите имоти, еднаш годишо. Единствените гробишта на темпларите укажуваат на голема контроверзност.

Наводи

уреди
  1. Витези темплари: Историјат и митови на легендарниот витешки ред, Шон Мартин, 2005, стр.35 (ISBN 1-56025-645-1)

Надворешни врски

уреди