Salt-N-Pepa
Salt-N-Pepa (транскрипција: Салт-ен-пепа; понекогаш стилизиран како Salt 'N' Pepa) ― американска хип-хоп група основана во Њујорк во 1985 година,[3][4][3] составена од: Солт (Шерил Џејмс), Пепа (Сандра Дентон) и диџеј Спиндерела (Деидра Ропер).
Salt-N-Pepa | |
---|---|
Salt-N-Pepa на настап во Канбера, Австралија, 2013 | |
Животописни податоци | |
Потекло | Њујорк, САД |
Жанрови | |
Период на активност |
|
Издавачи |
|
Мреж. место | saltnpepa.com |
Членови | |
| |
Поранешни членови | |
|
Salt-N-Pepa се едни од највлијателните женски музичари во историјата на хип-хопот. Нивниот прв албум, Hot, Cool & Vicious, ја содржел песната „Push It“ која била номинирана за Греми, а Salt-N-Pepa станале прва за женска хип-хоп група номинирана за Греми. Со успехот на албумот Hot, Cool & Vicious станале први женски рап-изведувачи со платинест тираж на продажба.[5] Во 1993 година, го издале албумот Very Necessary, кој бил продаден во преку 7 милиони копии (5 милиони од нив во САД) и бил најпродаван рап-албум од женски изведувач (соло или група) во историјата дотогаш,[6][7] и станале први женски рап-изведувачи (солист или група) со мултиплатинест албум во САД. Во 1995 година освоиле Греми за најдобра рап изведба од дуо или група за песната „None of Your Business“, со што, заедно со Квин Латифа, која добила Греми подоцна на истата церемонија, станале први женски рап-музичарки кои освоиле Греми награда.[8] Во 2021 година добиле Греми награда за животно дело.
Нивниот успех во рап и хип-хоп културата им ја донел почесната титула „Првите дами на рапот“.[9]
Историја
уреди1985–1987: Основање и почетоци
уредиГрупата била основана во Њујорк, откако Шерил Џејмс и Сандра Дентон се запознале во мензата на колеџот за медицински сестри во Квинсборо, каде што и двете учеле.[10][11] Тие станале блиски пријателки, а прво се здружиле за снимат песна за Харби „Лав Буг“ Азор кој студирал музичка продукција во Центарот за медиумски уметности и ја натерал неговата тогашна девојка Шерил Џејмс, а исто така и Сандра Дентон, да му снимат песна како класен проект што тој морал да го направи.[12] Така ја направиле песната „The Showstopper“, која станала нивен прв сингл. Песната, сепак, не била достапна за продажба бидејќи била само задача во музичкото училиште.
Откако забележале делумен успех со „The Show Stoppa (Is Stupid Fresh)“, Азор, Џејмс и Дентон решиле со полно работно време да се посветат на групата, а Дентон и Џејмс набрзо го напуштиле училиштето за медицински сестри. Азор го сменил името на групата во Salt-N-Pepa. Во септември 1985 година, групата потпишала договор со Next Plateau Records. Пред да започне со работа на целосен албум, Азор ја ангажирал диџејката Латоја Хансон (наречен Spinderella) во Salt-N-Pepa. Во декември 1986 година бил издаден првиот албум на групата Hot, Cool & Vicious, продуциран од Азор, тогашно момче на Солт и менаџер на групата.[13] Хансон била во групата неколку месеци, но таа и Солт не биле во пријателски односи и Хансон ја напуштила групата[14] по завршувањето на албумот, но непосредно пред да биде дистрибуиран во продавниците. Набргу потоа, на почетокот од 1987 година, 16-годишната средношколка Деидра Ропер била ангажирана во групата од Азор и станала позната како Спиндерела, диџејка во групата.
Албумот Hot, Cool & Vicious ја содржел песната „Push It“, кој станал прв голем хит на групата.[13] Песната била номинирана за Греми, Salt-N-Pepa станале прва за женска хип-хоп група номинирана за Греми, а успехот на тој сингл го катапултирал албумот до платинести продажби во САД со над 1 милион продадени примероци, со што Дентон, Џејмс и Ропер станале први женски рап-изведувачи со платинест тираж на продажба.[5]
1988–1992: Пробив на музичката сцена и успеси
уредиНивното второ студиско издание, A Salt with a Deadly Pepa (1988), содржело неколку хит синглови, вклучувајќи ги: „Shake Your Thang“ и „Get Up Everybody (Get Up)“, но не успеало да ја достигне популарноста на нивниот прв албум.епак, групата остана значајна сила во хип-хопот.
Третиот албум на групата Blacks' Magic бил издаден на 19 март 1990 година. Албумот ја содржел песната „Let's Talk About Sex“. Овој сингл предизвикал контроверзии поради неговата експлицитна содржина, но исто така ја зголемил популарноста на групата и отворил јавна дебата за сексуалноста и нејзината улога во поп-културата. Blacks' Magic се смета за клучен момент во нивната кариера, бидејќи музички ги оддалечил од традиционалниот рап и им донел нова, поширока публика. Подоцна бил објавен албумот со најголеми хитови под наслов A Blitz of Salt-N-Pepa Hits, кој содржел некои ремиксирани верзии на песни од првите три албуми на групата.
Во 1992 година, тие се појавиле во филмот Stay Tuned, изведувајќи ја песната „Start Me Up“.
1993–1996: Врв на популарноста
уредиЧетвртиот студиски албум на Salt-N-Pepa, Very Necessary, бил издаден на 12 октомври 1993 година,[15] и било нивно најуспешно издание. Албумот ја содржел песната „Shoop“, која станала хит и нивните најпродавани синглови: „Whatta Man“ (во соработка со групата En Vogue) и „None of Your Business“. Very Necessary се продал во 7 милиони примероци, од кои 5 милиони биле во САД ( петкратно платинест тираж). Со ова тие станале први женски рап-изведувачи (соло или група) со мултиплатинест албум. Во 1994 година, заедно со Р. Кели биле на турнеја под наслов The Very Necessary 12 Play Tour.[16][17] Групата освоила Греми награда за најдобра рап-изведба од дуо или група во 1995 година за синглот „None of Your Business“,[8] со што станале први женски рап-изведувач кој освоил Греми, заедно со Квин Латифа, која подоцна добила Греми на истата церемонија. Very Necessary е најпродаван албум од женски рап-изведувач.[6]
1997–Денес: Пауза, повторно обединување и последователни настани
уредиПо објавувањето на нивниот албум Brand New (21 октомври 1997) кој не постигна успех како претходните изданија, групата одлучила да се раздели во 2002 година. Шерил Џејмс се повлекла од музиката за да се посвети на религијата и на нејзиното семејство, а Дентон и Ропер продолжиле да работат на различни соло-проекти.
Во септември 2005 година групата повторно се обединила за настап на Hip Hop Honors. Тоа бил прв настап на триото по шест години и била нивна прва изведба на „Whatta Man“ со En Vogue на сцена.[18] Salt-N-Pepa официјално се обединиле во 2007 година.
На 14 октомври 2007 година, на VH1 започнало да се емитува нивната емисија, The Salt-N-Pepa Show. Групата продолжила да настапува на многу фестивали и концерти, вклучувајќи и неколку ретро-турнеи во 2010-тите и 2020-тите години.
На 3 мај 2019 година, Спиндерела преку објава на Инстаграм објавила дека од јануари е „отстранета“ од Salt-N-Pepa. Таа го прекинала нејзиниот молк откако групата не објавила јавно дека се разделува со неа,[19] инсинуирајќи дека Salt-N-Pepa молчеле за разделбата за да ги манипулира фановите да мислат дека таа е дел од нивните претстојни проекти. [20] Диџеј Cocoa Chanelle, порано од BET Networks и HOT 97, станал нејзина замена.
На 4 ноември 2022 година, трите членки на групата привремено се обединиле за да добијат своја ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд.[21]
Дискографија
уреди- Hot, Cool & Vicious (1986)
- A Salt with a Deadly Pepa (1988)
- Blacks' Magic (1990)
- Very Necessary (1993)
- Brand New (1997)
Наводи
уреди- ↑ Jaynes, Gerald D. (February 1, 2005). Encyclopedia of African American Society. SAGE Publications. ISBN 9781452265414 – преку Google Books.
- ↑ „Salt-N-Pepa Biography“. MusicianGuide.com.
- ↑ 3,0 3,1 Elafros 2007.
- ↑ „"Ladies First": Queen Latifah's Afrocentric Feminist Music Video“ (PDF). African American Review. Посетено на June 17, 2013.
- ↑ 5,0 5,1 „Salt-N-Pepa: Our Life in 15 Songs“ (англиски). Rolling Stone. September 5, 2017. Посетено на February 22, 2018.
- ↑ 6,0 6,1 Sorcinelli, Gino (January 20, 2017), Salt-N-Pepa Outsold Wu-Tang, So Why Don't We Talk About Them More?.
- ↑ Ross, Erik (May 18, 2013), The 50 Best Selling Rap Albums of All Time.
- ↑ 8,0 8,1 „Rock On The Net: 37th Annual Grammy Awards - 1995“. rockonthenet.com. Посетено на April 6, 2017.
- ↑ Orcutt, KC (March 10, 2016), First Ladies Of Rap: Salt-N-Pepa.
- ↑ Bonfante, Lisa; Resnick, Jill; Scolavine, Vanessa; Sullivan, Matthew (January 13, 1990).
- ↑ Dickie, George (January 17, 2021).
- ↑ Big Bang, Baby: Rock Trivia. Dundurn. 2000. ISBN 9780888822192. Посетено на November 30, 2017.
- ↑ 13,0 13,1 Strong, Martin C. (2000). The Great Rock Discography (5th. изд.). Edinburgh: Mojo Books. стр. 842–843. ISBN 1-84195-017-3.
- ↑ „DJ Spinderella says she was 'wrongfully excluded' from participating in Lifetime's Salt-N-Pepa biopic“ (англиски). USA Today. January 24, 2021. Посетено на September 15, 2023.
- ↑ Roberts, David (2006). British Hit Singles & Albums (19th. изд.). London: Guinness World Records Limited. стр. 480. ISBN 1-904994-10-5.
- ↑ „SALT-N-PEPA GIVES HOT SHOW AFTER SPICY WARM-UP“. Sun Sentinel (англиски). 1994-04-28. Посетено на 2023-08-28.
- ↑ Tharp, Robert (May 24, 1994). „R. Kelly, Salt 'n' Pepa Impress with Sexiness“. Fort Worth Star-Telegram. стр. Section E, Page 3.
- ↑ „Salt-N-Pepa“. Hip Hop Education Center. Women in Hip Hop.
- ↑ Washington, Jasmine (May 3, 2019). „DJ Spinderella Announces 'Termination' From Salt-N-Pepa“. EBONY (англиски). Посетено на May 3, 2019.
- ↑ #teamEBONY (2019-05-03). „DJ Spinderella Announces 'Termination' From Salt-N-Pepa“. EBONY (англиски). Посетено на 2023-12-25.
- ↑ Druker, Simon (November 5, 2022). „Salt-N-Pepa join Hollywood Walk of Fame“. United Press International. Посетено на November 6, 2022.
Надворешни врски
уреди- Матична страница
- Salt-N-Pepa — AllMusic (англиски)