Тифани Дарвиш
Тифани Рене Дарвиш[1] (англиски: Tiffany Renee Darwish; родена на 2 октомври 1971),[2] естрадно позната како Тифани ― американска пејачка, текстописец, актерка и поранешна тинејџерска икона.
Тифани Дарвиш | |
---|---|
Тифани на настап во 2003 | |
Роден(а) | Тифани Рене Дарвиш 2 октомври 1971 Норволк, Калифорнија, САД |
Други имиња | Тифани |
Занимање |
|
Активен период |
|
Сопружник |
|
Деца | 1 |
Страница tiffanytunes.com |
Тифани е родена на 2 октомври 1971 година, во Норволк, предградие на Лос Анџелес. Нејзините родители се развеле кога таа имала 14 месеци.[3] Татко ѝ имал либанско потекло, а мајка ѝ имала ирско и индијанско потекло.[4] По разводот на нејзините родители таа живеела со нејзиниот татко и завршила средно училиште во Норволк.
Во 1984 година, Тифани потпишала договор за снимање со Џорџ Тобин откако тој претходно ја слушнал како пее на демо-лента. Во 1986 година, таа потпишала договор со кој на Тобин му дала целосна контрола врз нејзината кариера, го сними нејзиниот прв студиски албум и потпишала договор со MCA.
Најпозната е по нејзината преработка на песната „I Think We're Alone Now“, прво снимена од Tommy James and the Shondells во 1967 година. Песната две недели била на прво место на топ-листата Billboard Hot 100 и била објавена како втор сингл од нејзиниот прв студиски албум Tiffany.
Нејзините песни „Could've Been“ и „I Saw Him Standing There“, преработена верзија од песната „I Saw Her Standing There“ од Битлси, биле издадени веднаш потоа, а „Could've Been“ исто така се искачила на прво место на Billboard Hot 100. Благодарение на оригиналната турнеја низ трговски центри, „The Beautiful You: Celebrating The Good Life Shopping Mall Tour '87“, Тифани постигнала финансиски успех;[5] а нејзините синглови и албумот се искачиле на прво место на топ-листите Billboard Hot 100 и Billboard 200, соодветно.
Вториот студиски албум на Тифани, Hold an Old Friend's Hand, содржел топ-10 сингл, се појавил на Билборд 200 во 1988 година и на крајот добил платинест статус. Сепак, не бил успешен како нејзиниот прв албум. Во 1990-тите, Тифани издала уште два албума: New Inside (1990) и албумот ексклузивно издаден само во Азија, Dreams Never Die (1993); и двата албума не предизвикале позначителен интерес. Во 2000 година Тифани го објавила нејзиниот прв студиски албум по шест години, The Color of Silence. Иако албумот бил пофален од музичките критичари, тој не бил прифатен од публиката. Тифани подоцна снимила уште пет студиски албуми, како и два албума со преработени песни од 1980-тите, а истовремено продолжила со турнеи.
Покрај музичките активности, Тифани позирала гола за Playboy и гостувала во неколку реални телевизиски емисии. Таа глумела во неколку хорор и научно-фантастични филмови, како: Некроза (2009), Мега Пирана (2010) и Мега Питон против Гатороид (2011).
Дискографија
уредиСтудиски албуми
уреди- Tiffany (1987)
- Hold an Old Friend's Hand (1988)
- New Inside (1990)
- Dreams Never Die (1993)
- The Color of Silence (2000)
- Dust Off and Dance (2005)
- Just Me (2007)
- Rose Tattoo (2011)
- A Million Miles (2016)
- Pieces of Me (2018)
- Shadows (2022)
Наводи
уреди- ↑ „A Look Back at Rock On! Interview with Tiffany“. NewJerseyStage.com. December 22, 2016.
- ↑ „Arab Americans - Tiffany Renee Darwish Profile“. arabamerica.com. Посетено на 7 December 2021.
- ↑ „Tiffany: The $5-Million Star of Stage and Court“. Los Angeles Times. June 12, 1988.
- ↑ „Work and Life Are "Bubbling" for '80s Popstar Tiffany: 'I'm More Than a One Hit Wonder'“. Parade: Entertainment, Recipes, Health, Life, Holidays. 2020.
- ↑ „Britney's Wild Ride“. People. Посетено на October 10, 2011.
Надворешни врски
уреди- Матична страница
- Тифани Дарвиш — AllMusic (англиски)
- Tiffany Darwish на Discogs (англиски)
- Тифани Дарвиш на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
Оваа статија за пејач е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |