Nightmare Cinema
Nightmare Cinema (македонски: Кино на кошмарите) е променета верзија на Dream Theater, и го црпи своето име од приближниот антоним на „Dream Theater“ (македонски: Театар на сништата). Тука спаѓаат Џон Петручи на тапани, Мајк Портној на бас гитара, Џон Мјанг на клавијатури, Дерек Шерениан на гитара и Џејмс ЛаБри на вокали.
За време на нивните изведби на концертите, започнувајќи од 1 ноември, 1997 во „House of Blues“ во Чикаго, членовите на Dream Theater понекогаш застранувале од свирењето на нивните матични инструменти и секој еден свирел нешто друго, со исклучок на ЛаБри кој останувал вокалист. Песните кои тие најчесто ги свиреле биле вообичаено „Perfect Strangers“ од Deep Purple, додека во некои прилики ја свиреле и „Suicide Solution“ од Ози Озборн.
Откако Дерек Шерениан го напуштил Dream Theater во 1999, Dream Theater си останале на нивното, и Nightmare Cinema не засвирило никогаш повторно. Според Портној, имало некоја врска помеѓу членовите на групата која ѝ дозволувала на оваа експериментална група да постои, но ова било загубено со заминувањето на Шерениан. Ова е интересен факт, со оглед на тоа што замената на Шерениан, Џордан Рудес, е поспособен гитарист, и свирел гитара на една песна на еден од неговите соло албуми, Feeding the Wheel.
Постава
уредиЧленовите на Dream Theater користеле алтернативни сценски имиња додека биле Nightmare Cinema покрај тоа што свиреле различен инструмент:
- Абдул Матахари (Џејмс ЛаБри) - вокали (вокали)
- Ники Лемонс (Дерек Шерениан) - гитара (клавијатури)
- Џони Џејмс (Џон Петручи) - тапани (гитара)
- Џус Малус (Џон Мјанг) - клавијатури (бас)
- Макс Дел Фувио (Мајк Портној) - бас (тапани)
Надворешни врски
уреди- Nightmare Cinema на ЧПП на Dream Theater
- Спот од Perfect Strangers од Deep Purple во изведба на Nightmare Cinema