Liquid Tension Experiment (албум)
албум на Liquid Tension Experiment
| |||
Студиски албум на Liquid Tension Experiment | |||
Издаден | 10 март, 1998 | ||
Снимен | ??? | ||
Жанр | Прогресивен метал Инструментален рок Џез рок | ||
Времетраење | 74:04 | ||
Издавач | Magna Carta | ||
Продуцент(и) | Liquid Tension Experiment | ||
Хронологија на Liquid Tension Experiment | |||
Претходен албум / / | |||
Следен албум Liquid Tension Experiment 2 (1999) |
Liquid Tension Experiment биз издаден во 1998 од страна на Liquid Tension Experiment преку Magna Carta. Групата се состоела од Џон Петручи (гитари), Мајк Портној (тапани), Тони Левин (бас, чапманов стик) и Џордан Рудес (клавијатури).
Список на песни
уреди- „Paradigm Shift“ – 8:54
- „Osmosis“ – 3:26
- „Kindred Spirits“ – 6:29
- „The Stretch“ – 2:00
- „Freedom of Speech“ – 9:19
- „Chris and Kevin's Excellent Adventure“ – 2:21
- „State of Grace“ – 5:01
- „Universal Mind“ – 7:53
- „Three Minute Warning (Part 1)“ – 8:20
- „Three Minute Warning (Part 2)“ – 4:02
- „Three Minute Warning (Part 3)“ – 5:18
- „Three Minute Warning (Part 4)“ – 4:20
- „Three Minute Warning (Part 5)“ – 6:31
Белешки
уреди- „State of Grace“ исто така се појавува на An Evening with John Petrucci and Jordan Rudess
- „Paradigm Shift“ и „Universal Mind“ се наоѓаат во „instrumedley“ од албумот Live at Budokan на Dream Theater.
- „Paradigm Shift“ го отвора CD-то со експозија на ноти и многу брзо темпо со цел да ги прикаже техничките способности на групата. Темпото подоцна забавува за делот на Петручи и Левин.
- „Three Minute Warning“ е референца на сесиите при снимањето каде што Левин сакал да импровизира спротивно на Петручи и Портној кои сакале внимателно на пишуваат песни. Левин им кажал на другите дека доколку не започнат да свират што било во рок од три минути, тој само ќе си замине дома. Песната „Three Minute Warning“ е снимка на тоа што следело. Снимката била толку неочекувано течна што лентата на која што снимале се потрошила по околу 27 минути од свирењето, но за среќа снимачот на дигитални аудио касети на Портној го архивирал и крајот. Задниот дел од омотот на CD-то вели: „ВНИМАНИЕ: "Three Minute Warning“ не е за музички слабо-срцевите, за нестрпливите или пак за критичарите кои се премногу самоуверени во себе. Доколку припаѓате во која било од горенаведените категории, ве молиме стиснете го копчето стоп на вашиот CD пуштач по песната #8.“
- Дел од „Universal Mind“ се појавува во солото на Џордан Рудес во Live Scenes from New York, албум на Dream Theater .