Halo (песна на Бијонсе Ноулс)

(Пренасочено од Halo (Beyoncé Knowles song))

Halo“ е песна снимена од американската Р&Б пејачка Бијонсе Ноулс за нејзиниот трет студиски албум I Am... Sasha Fierce (2008). Издавачката куќа Columbia Records ја издала песната како четврт сингл од албумот до мејнстрим радијата во САД на 20 јануари 2009. Била компонирана од Рајан Тедер, Еван Богарт, и Ноулс. „Halo“ била снимена три часа во студиото на Тедер. Според Богарт, песбата била инспирирана од друга песна наречена "Shelter" од Реј Ламонтањ. Како поп-Р&Б песна напишана во А-дур тоналитет, „Halo“ користи умерено темпо од осумдесет и четири удари во минута, а текстот опишува возвишена љубов.

„Halo“
Сингл од Бијонсе
од албумот I Am... Sasha Fierce
Издаден 20 јануари 2009
Формат ЦД сингл, музичко спуштање
Снимен 2008, (Manfield Studios (Лос Анџелес, Калифорнија); Germano Studios и Roc The Mic Studios (Њујорк Сити, Њујорк)
Жанр Р&Б, поп
Должина 4:21
Издавачка куќа Columbia
Композитор Бијонсе Ноулс, Еван Богарт, Рајан Тедер
Продуцент Бијонсе Ноулс,Рајан Тедер
Хронологија на синглови на Бијонсе
Diva
(2006)
Halo
(2006)
Ego
(2009)“

Песната оригинално била напишана за Ноулс, но имало гласнини дека отпрвин била направена за Леона Луис. Кели Кларксон, која работела со Тедер во 2008 за нејзиниот албум All I Ever Wanted, тврдела дека Тедер го користел истиот музички аранжман за „Halo“ во нејзината песна „Already Gone“ (2009). „Halo“ добил позитивни критики од музичките критичари, кои ја споредувале песната со онаа на Луис наречена „Bleeding Love“. Песната се искачила на првите места на табелите во Бразил, Норвешка и Словачка, а исто така и во топ пет во многу други држави како Австралија, Ирска, Нов Зеланд, Обединетото Кралство и САД. Добил тродупла-платинска сертификација во Австралија и дупла платинска сертификација во Шпанија и САД. „Halo“ освоил награди за „Најдобра Песна“ на MTV Европските Музички Награди од 2009 и Најдобра Женска Поп Вокална Изведба на 52-те Греми Награди, каде исто така бил номинирана и за Снимано дело на Годината. Верзијата во живо која се наоѓа на ЦД/ДВД-то I Am... Yours: An Intimate Performance at Wynn Las Vegas било номинирано за најдобра женска поп вокална изведба на 53-те Греми Награди.

Премиерата на музичкото видео била на iTunes Store на 23 декември 2008. Режирано од Филип Анделман со американскиот глумец Мајкл Или, видеото ја прикажува врската меѓу Ноулс и Или. Алтернативно музичко видео кое го прикажува Или како навечер бега од полицијата во шума било прикажано во мај 2010 година.

Список на песни

уреди
  • Австралиски сингл[1]
  1. „Halo“ – 4:21
  2. „Single Ladies (Put a Ring on It)“ (RedTop Ремикс Радио Уредување) – 3:32
  • ЦД сингл[2]
  1. „Halo“ – 4:22
  2. „Diva“ – 3:21
  • Европско премиум ЦД[3]
  1. „Halo“ (Албум Верзија) – 4:22
  2. „Diva“ (Албум Верзија) - 3:21
  3. „Halo“ (Ремикс на Дејв Ауде - Радио Уредување) – 4:10
  4. „Halo“ (Подобрено Видео) – 3:44
  • Британски сингл EP[4]
  1. „Halo“ (ремикс на Оли Колинс и Фред Портели) – 6:58
  2. „Halo“ (ремикс на The New Devices) – 5:49
  3. „Halo“ (ремикс на My Digital Enemy) – 6:33
  4. „Halo“ – 4:21
  • Британски сингл и ремиксови – EP[5]
  1. „Halo“ (Радио Уредување) – 3:44
  2. „Halo“ (Клуб Ремикс на Дејв Ауде) – 8:54
  3. „Halo“ (Ремикс на Gomi Club) – 8:57
  4. „Halo“ (Ремикс на Karmatronic Club) – 7:13
  5. „Halo“ (Ремикс на Lost Daze Club) – 8:02

Наводи

уреди
  1. „iTunes Store – Beyoncé – Halo – Single“. iTunes Store. Apple Inc. Посетено на September 5, 2009.
  2. „Beyoncé – Halo“. Ultratop. Hung Medien. Посетено на May 20, 2010.
  3. „Halo/Premium (Single)“ (германски). Amazon Germany. Amazon Inc. Посетено на July 22, 2010.
  4. „iTunes Store – Beyoncé – Halo – EP“. iTunes Store. Apple Inc. Посетено на September 5, 2009.
  5. „iTunes Store – Beyoncé – Halo – Single & Remixes“. iTunes Store. Apple Inc. Посетено на September 5, 2009.

Надворешни врски

уреди

Halo - музичко видео на Јутуб