Костен

(Пренасочено од Castanea)
Костен
Питом костен (Castanea sativa)
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Ред: Буковидни
Семејство: Буки
Род: Костен

Костен (науч. Castanea) — род од осум до десет вида на листопадни дрва и грмушки од семејството буки (Fagaceae) со потекло од умерените краишта на северната полутопка. Поимот го означува и оревестиот плод што го дава дрвото.[1]

Ова дрво припаѓа на истото семејство како и дабот и буката. Четирите поважни вида се нарекуваат питом (европски), кинески, јапонски и американски костен.[2]

Иако имаат сличности во плодовите, костенот не е сроден со дрвото див костен, кое припаѓа на родот Aesculus.

Во Македонија, костенот е најзастапен на Беласица и Шар Планина.[3] На неколку места во земјата секоја година се одржуваат т.н. „костенијади“, каде на различни начини се промовираат костените и костеновото дрво.

Опис

уреди

Костените растат мошне бргу, со ислучок на кинескиот, чиј раст е умерен.[4] Во висина се движат од грмушести,[5] па сè до американскиот вид (Castanea dentata), кој достигнува 60 м. Со среден раст се јапонскиот костен (Castanea crenata) со просек од 10 м и кинескиот костен (Castanea mollissima) со 15 м. Поголем е европскиот (питомиот) костен, (Castanea sativa) висок околу 30 м.[6]

Кинескиот и (особено) јапонскиот се поразгранети и порашитени,[6] додека пак останатите имаат исправено и масивно стебло, со големи густи крошни.[4] Лисјата на европскиот и американскиот добиваат впечатлива жолта боја на есен.[7]

Кората е мазна кога дрвото е младо и има[8] црвеникаво-кафена боја кај американскиот[9] и сива кај европскиот костен. Со растот, американските стануваат сиви и потемни, со дебело набрано стебло. Наборите одат по должината и знаат да се завијат околу стеблото налик на усукан гајтан.[4]

 
Машки и женски реси на костен

Листовите се прости, јајцевидни или копјести, долги по 10–30 см, со ширина од 4–10 см. Запците се распоредени на извесно растојание и имаат остри врвови со жилички.[10]

Цветовите се јавуваат по листовите, кон крајот на пролетта, почетокот на летото,[4] или пак во јули.[5] Распоредени се во долги реси од машки и женски тип[5] — обете на истото дрво, и имаат опоен мирис.[9] Некои реси се сочинети само од машки цветови, кои узреваат први. Секој цвет има по осум прашници, додека кинескиот костен има 10 до 12.[11] Други реси имаат поленови цветови на, но кај матичното гранче имаат и женски плодородни цветови. Два до три цвета заедно образуваат четириделна боцкава ежовка, која подоцна сраснува и го обвива плодот.[4]

 
Костени во своите ежовки

Плодовите лежат во боцкави ежовки со пречник од 5–11 см, честопати во парови или повеќе заедно.[5] Ежовката може да има еден до седум плода, зависно од видот, вариететот и сортата.[12][13][14][15] Кога плодовите ќе узреат, ежовките стануваат жолтокадени и се расцепуваат на два или четири дела.

Употреба

уреди
 
Печени костени

Исхрана

уреди

Костените се јадат печени, варени или сомелени во брашно, од кое се прави леб, колачи, палачинки, тестенини. Покрај ова, фино мелениот костен скробен елемент во запршки, чорби и сосови.

Дрво

уреди
 
Костенов трупец

Костеновото дрво е мошне трајно и особено издрлживо при изложеност на временските услови.[16]

Дрвото има светлокафеав, украсен изглед, сличен на дабовиот, но дава поголемо количество на квалитетно дрво. Се избегнува употреба на постаро дрво бидејќи лесно се криви и престанува да биде издржливо, наспроти дабот, кој ги задржува особините и во староста.[4][16] Затоа, костенот не се користи во големи талпи како граѓа, туку за помал надворешен мебел, огради и покривни плочки.[16] Во Италија од него се прават и буриња.

Од листовите и лушпите на костенот се произведува шампон.[17]

Костенот како мотив во уметноста

уреди

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. костенДигитален речник на македонскиот јазик
  2. Industry information Архивирано на 8 август 2008 г. by David McLaren. From The Chestnut Growers Information Book, Chestnut Australia Inc.
  3. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Костен“. Македонска енциклопедија. , книга . Скопје: МАНУ. Text "series " ignored (help)
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 A Modern Herbal. By Mrs. M. Grieve.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 Chestnuts, Horse-Chestnuts, and Ohio Buckeyes Архивирано на 16 септември 2008 г.. In Yard and Garden Brief, Horticulture department at University of Minnesota.
  6. 6,0 6,1 Chestnuts worldwide and in New Zealand. By the New Zealand Chestnut Council, 2000.
  7. Autumn Foliage Color:Past, Present, and Future. Архивирано на 13 мај 2008 г. Harvard University
  8. The American Chestnut Tree. By Samuel B. Detwiler. Reprinted from American Forestry, October, 1915. Chattooga Conservancy.
  9. 9,0 9,1 Chestnut Tree.
  10. Chestnut — Answers.com.
  11. „Flora of Taiwan“. Архивирано од изворникот на 2009-07-20. Посетено на 2013-12-03.
  12. Castanea – Flora of China.
  13. Castanea Архивирано на 4 март 2016 г. – Flora of North America
  14. Trees of Britain and Europe. By K. Rushforth. Collins. 1999. ISBN 0-00-220013-9.
  15. Trees and Shrubs Hardy in the British Isles. By W.J. Bean. 8th ed., vol. 1. John Murray. 1976. ISBN 0-7195-1790-7.
  16. 16,0 16,1 16,2 Sweet Chestnut production in Farm Woodlands – CALU Technical Note ref: 050401.
  17. Encyclopaedia of Medicinal Plants. By R. Chiej. MacDonald 1984. ISBN 0-356-10541-5. Cited in Plants For A Future.
  18. Васко Попа, Поезија (избор). Скопје: Култура; Београд: Нолит, 1968, стр. 12.

Надворешни врски

уреди