Audioslave — поранешна американска рок супергрупа формирана во Глендејл, Калифорнија во 2001 година. Членови на групата биле Крис Корнел, вокалистот на Soundgarden, Том Морело на гитара од Rage Against the Machine, Тим Комефорд на бас гитара и вокалист и Бред Вилк на тапани. Критичарите за првпат ја опишале Audioslave како комбинација на Soundgarden и Rage Against the Machine, но на вториот албум на групата, „Out of Exile“, било забележано дека тие воспоставиле посебен идентитет[1]. Нивниот уникатен звук бил создаден со мешање на хард рокот од 1970-тите и алтернативниот рок од 1990-тите, со музички влијанија во кои биле опфатени 1960-тите години. Како и кај Rage Against the Machine, групата се гордеела со тоа што сите звуци на нивните албуми се произведувале користејќи само гитари, бас, тапани и вокали, со акцент на широкиот вокален опсег на Корнел и неконвенционалната соло гитара на Морело.

Audioslave
Audioslave во 2005 година
Биографски податоци
ПотеклоГлендејл, Калифорнија
Жанрови
Период на активност
  • 2001–2007
  • 2017
Издавачи
Соработници
Поранешни членови

За време на нивните шест години заедно, Audioslave објавил три албуми, добила три номинации за Греми и продала повеќе од осум милиони низ целиот свет[2][3] и станала првиот американски рок група која извела концерт на отворено на Куба. Тие се распаднале во февруари 2007 година, откако Корнел дал изјава во која објавил дека тој ја напушта групата. Подоцна истата година, Корнел и Морело издале соло албуми, а Морело, Комефорд и Вилк повторно се здружиле со Зак де ла Роча за Rage Against of Machine Reunion Tour[4].

Audioslave повторно се обединил за настапот на Anti-Inaugural Ball, Prophets of Rage's, што се случил на 20 јануари 2017 година.

  1. Roberts, Michael (July 16, 2003). "Slave New World". Cleveland Scene. Архивирано од изворникот на November 14, 2007. Посетено на August 25, 2007.
  2. Cory Graves (March 26, 2009). "Chris Cornell's Made Some Missteps Along the Way to Stardom". Dallas Observer. Посетено на May 29, 2017.
  3. "Audioslave". ACharts. Посетено на May 29, 2017.
  4. "Video interview with Tom Morello". Toazted. 2007. Архивирано од изворникот на 2007-10-22. Посетено на August 20, 2007.