Assassin’s Creed Mirage

видеоигра од 2023 година

Assassin’s Creed Mirage (во Македонија рекламирана како Assassin’s Creed: Мираж) — акционо-авантуристичка игра развиена од Ubisoft Bordeaux и објавена од Ubisoft. Таа е тринаесеттиот голем дел од серијата Assassin's Creed. Првично, проектот бил замислен како додаток на приказната на претходниот дел од серијата Assassin's Creed Valhalla, но во текот на развивачкиот процес тој се развил во независна игра. Играчкиот процес на играта бил вдахнат од првиот дел од серијата Assassin's Creed и, според развивачите, развојот се насочил на потајност (англ. stealth), паркур и убиства.[1]

Assassin's Creed Mirage

Изработувач(и) Ubisoft Bordeaux
Издавач(и) Ubisoft
Режисер(и) Стефан Будон
Продуцент(и) Фабијан Саломон
Дизајнер(и) Жан-Филип Мотие
Програмер(и) Pierre Durand-Siboulet
Уметник(ци) Жан-Лук Сала
Писател(и) Сара Болие
Композитор(и) Брендан Анџелидес
Серијал Assassin's Creed
Погон Ubisoft Anvil
Подлоги
Датум на издавање
Жанр(ови) акционо-авантуристичка
Режим(и) едноиграчки

Играта е претходна приказна на Valhalla и ја следи приказната за Басим ибн Исхак, еден од клучните ликови во играта. Дејството се одвива во Багдад во 861 г., 12 години пред настаните на Valhalla, и се насочил на раниот живот на Басим и неговото издигнување како мајстор во Братството на асасини, кои се борат за мир и слобода против Темпларскиот ред, кои бараат мир преку контрола.

Играчки процес

уреди

Assassin's Creed Mirage е акционо-авантуристичка потајна игра наменета да потсетува на постарите наслови на Assassin's Creed, да биде полинеарна и сосредоточена на приказната, како и да го намали бројот на елементи за играње улоги присутни во последните делови од серијата. Паркурот, блиската борба и потајноста (англ. stealth) се основните елементи на играта. За мисиите за убиство, Mirage го усвојува дизајнот „Црна кутија“, кој претходно бил виден во Assassin's Creed Unity и Assassin's Creed Syndicate, каде што играчите треба да ја истражуваат околината за да најдат различни начини да стигнат и да ги завршат нивните цели. Покрај тоа, тие ќе имаат и голем арсенал на оружје и алатки, вклучувајќи го и скриеното сечило, препознатливото оружје на асасините.[1][2]

Дејството на играта е главно сместено во градот Багдад, кој е поделен на четири области, вклучувајќи го Кружниот град, Карх, Абасија со неговиот Дом на мудроста и Харбија, но исто така го содржи и Аламут, седиштето на Тврдината на Скриените.[3] Багдад е многу помал од световите на неодамнешните наслови на Assassin's Creed, бидејќи по големина е поблиску до приказите на Париз и Константинопол соодветно во Unity и Revelations.[4]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Purslow, Matt (September 11, 2022). Assassin's Creed Mirage Revealed at Ubisoft Forward“. IGN. Архивирано од изворникот September 23, 2022. Посетено на September 11, 2022.
  2. Wesley LeBlanc. „Assassin's Creed Mirage Reveal Trailer Released, Game Launching In 2023“. Game Informer (англиски). Архивирано од изворникот на 2022-09-11. Посетено на 2022-09-11. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)
  3. Parijat, Shubhankar (18 August 2023). „Assassin's Creed Mirage Behind-the-Scenes Video Focuses on the City of Baghdad“. GamingBolt.
  4. Wutz, Marco (2023-06-19). „Assassin's Creed Mirage map size is comparable to Revelations and Unity“. Video Games on Sports Illustrated (англиски). Посетено на 2023-06-20.

Надворешни врски

уреди