Паркур
Паркур (француски: Parkour) или познат уште како уметност на преместување (француски: l'art du déplacement)[1] — активност, чија цел е движење од една точка до друга колку што е можно поефикасно и побрзо, користејќи ги главно способностите на човечкото тело.[2] Целта му е да му помогне на поединецот да надмине пречки, кои би можело да бидат што било што се наоѓа во неговото околно опкружување, од гранки и камења до шини и бетонски ѕидови, и може да се вежба и во селски и во градски области. Оние што вежбаат паркур се нарекуваат трасери, или трасерки за жени.[3]
Основан од Давид Беле и група другари во Франција, паркурот се насочува на вежбање на ефикасни движења со цел да се развие телото и умот на оној што го практикува со цел да надмине можни пречки во итен случај.
Поврзано
уреди„Паркур“ на Ризницата ? |
- Слободно искачување - стил на искачување без вештачки помагала.
- Слободно трчање
- Јамакаши - група основана од Јан Хнаутра, Давид Беле, Лоран Пиемонтеси и Чау Бел Дин 3 години пред паркур со нагласок на стилот, течноста и слободата. Исто така е филм од 2001 година.
Наводи
уреди- ↑ Collectif Parkour France DB. „Avertissement mise en garde“ (француски). Архивирано од изворникот на 2008-02-28. Посетено на 2007-02-27.
- ↑ Северин Суард. „Печат - "The Tree" - L'Art en mouvement“ (JPG) (француски). Посетено на 2007-07-02.
- ↑ Webster's New Millennium Dictionary of English. „parkour“. Dictionary.com. Посетено на 2007-08-07.
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |