A Hard Day's Night (албум)
A Hard Day's Night е третиот албум издаден од Битлси. Издаден е на 10 јули 1964 во Обединетото Кралство и е саундтрак за истоимениот филм на Битлси, прв од нивните пет филма. Во САД албумот е издаден на 26 јуни. A Hard Day's Night е првиот албум на Битлси на којшто нема преработки од други музичари, а сите песни се на двојката Мекартни-Ленон. Ринго Стар и Џорџ Харисон немаат свои песни на овај албум.
„A Hard Day's Night“ | ||||
---|---|---|---|---|
Студиски албум од Битлс | ||||
Издаден | 10 јули, 1964 | |||
Снимен | Abbey Road and Pathé Marconi Studios 29 јануари 1964 - 3 јуни 1964 | |||
Жанр | Рокенрол | |||
Издавачка куќа | Parlophone | |||
Продуцент | Џорџ Мартин | |||
Битлс — Хронологија | ||||
|
Фразата A Hard Day's Night му се припишува на Ринго Стар, кој по подолго работење излегол од студиото со зборовите „It's been a hard day“ (Ова беше тежок ден), но кога видел дека надвор е темно додал само „night“ (ноќ). Албумот е на 5-тото место на најдобрите британски албуми според списанието „Q“ (Кју) и на 388. место на списокот на најдобри албуми според магазинот Rolling Stone (Ролинг Стоун).
Песни
уредиПрв диск
уреди- A Hard Day's Night - 2:34
- I Should Have Known Better - 2:43
- If I Fell - 2:19
- I'm Happy Just to Dance with You - 1:56
- And I Love Her - 2:30
- Tell Me Why - 2:09
- Can't Buy Me Love - 2:12
Втор диск
уреди- Any Time at All - 2:11
- I'll Cry Instead - 1:46
- Things We Said Today - 2:35
- When I Get Home - 2:17
- You Can't Do That - 2:35
- I'll Be Back - 2:24
Снимање и продукција
уреди- Пол Мекартни - вокал, бас гитара
- Џон Ленон - вокал, ритам гитара
- Џорџ Харисон - соло гитара
- Ринго Стар - тапани
- Џорџ Мартин - пијано, продукција