Серотонин
Серотонинот или 5-хидрокситриптамин е невротрансмитер.
Назив според МСЧПХ 5-Hydroxytryptamine or 3-(2-aminoethyl)-1H-indol-5-ol | |
Други називи 5-Hydroxytryptamine, 5-HT, Enteramine; Thrombocytin, 3-(β-Aminoethyl)-5-hydroxyindole, Thrombotonin | |
Назнаки | |
---|---|
50-67-9 | |
ChEBI | CHEBI:28790 |
ChEMBL | ChEMBL39 |
ChemSpider | 5013 |
| |
IUPHAR/BPS
|
5 |
3Д-модел (Jmol) | Слика |
KEGG | C00780 |
MeSH | Serotonin |
PubChem | 5202 |
| |
UNII | 333DO1RDJY |
Својства | |
Хемиска формула | |
Моларна маса | 0 g mol−1 |
Изглед | White powder |
Точка на топење | |
Точка на вриење | |
slightly soluble | |
Киселост (pKa) | 10.16 in water at 23.5 °C [3] |
Диполен момент | 2.98 D |
Опасност | |
Смртоносна доза или концентрација: | |
LD50 (средна доза)
|
750 mg/kg (subcutaneous, rat),[4] 4500 mg/kg (intraperitoneal, rat),[5] 60 mg/kg (oral, rat) |
Дополнителни податоци | |
(што е ова?) (провери) Освен ако не е поинаку укажано, податоците се однесуваат на материјалите во нивната стандардна состојба (25 °C, 100 kPa) | |
Наводи |
Опис
уредиГлавно се наоѓа во гастроинтестиналниот тракт, крвните плочки и централниот нервен систем на животните, вклучувајќи ги и луѓето. Своите ефекти ги дава поврзувајќи се за серотонинските (5-HT) рецептори. Настанува во нервните клетки и ги пренесува информациите од една до друга нервна клетка при што дејствува веднаш. Кај мажите, серотонинот се создава дури и за 52% повеќе во однос на жените.[6] На создавањето на серотонинот влијаат многу фактори при што многу е важна генетиката. Притоа, кај одделни луѓе се создаваат различни киличества серотонин, а неговиот ефект зависи и од тоа на кој рецептор е врзан. Исто така, важно е дали со исхраната во организмот се внесува аминокиселнината триптофан, бидејќи таа влијае врз создавањето на серотонинот. На количеството на серотонин влијае и менталната активност.[6] Постојат седум вида серотонински рецептори.
Ефекти на серотонинот
уредиНедостигот на серотонин може да предизвика чувство на непријатност од кое произлегува копнежот по слатка храна. Серотонинот има различни функции: ги забрзува моторните функции, го регулира крвотокот во мозокот, влијае врз регулацијата на телесната температура, има аналгетско дејство, го намалува апетитот, а ако го има премногу, тогаш ја намалува желбата за сексуална активност или ја оневозможува ерекцијата кај мажите. Доколку дојде до намалено создавање на серотонин во нервниот систем, доаѓа до нарушување на расположението во вид на депресија, а често и во вид на анксиозност. Понатаму, недоволното ниво на серотонин го намалува и нивото на мелатонин во организмот, што го нарушува циклусот на спиење.[6]
Наводи
уреди- ↑ Pietra, S.;Farmaco, Edizione Scientifica 1958, Vol. 13, pp. 75–9.
- ↑ Calculated using Advanced Chemistry Development (ACD/Labs) Software V11.02 (©1994–2011 ACD/Labs)
- ↑ Mazák, K.; Dóczy, V.; Kökösi, J.; Noszál, B. (2009). „Proton Speciation and Microspeciation of Serotonin and 5-Hydroxytryptophan“. Chemistry & Biodiversity. 6 (4): 578–90. doi:10.1002/cbdv.200800087. PMID 19353542.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ Erspamer, Vittorio (1952). Ricerca Scientifica. 22: 694–702. Отсутно или празно
|title=
(help) - ↑ Tammisto, Tapani (1968). Annales Medicinae Experimentalis et Biologiea Fenniae. 46 (3, Pt. 2): 382–4. Отсутно или празно
|title=
(help) - ↑ 6,0 6,1 6,2 „Однесувањето и размислувањето се најважни за хормоните на среќа“, Здравје, понеделник, 3 ноември 2014, стр. 20-21.