23 октомври (настани)
шаблон на Викимедија
1893 | Во Солун, е основана Македонска револуционерна организација со цел ослободување на македонскиот народ од империјализмот и превласта на околните сили и остварување на неговите основни права на самостојност и идентитет. |
1917 | Кај местото Линевил, во Франција, американските сили ги почнаа првите борбени акции во Првата светска војна. |
1942 | Втора светска војна: Кај гратчето Ел Аламејн, во египетската пустина, британските сили ги нападнаа германско-италијанските позиции. По дванаесетдневни огорчени борби, германско-италијанските трупи беа уништени. Наскоро почна сојузничкото истоварување во Северна Африка. |
1944 | Втора светска војна: Во Филипинскиот Архипелаг се одигра најголемата поморско-воздушна битка. Во неа учествуваше целата јапонска флота и три четвртини од флотата на САД. Битката траеше до 25 октомври, кога поразените Јапонци го напуштија боиштето, со обострани големи загуби. |
1944 | Втора светска војна: Сојузничките држави ја признаа привремената влада на Франција што ја формира Шарл де Гол. |
1954 | САД, СССР, Велика Британија и Франција се спогодија да ја окончаат окупацијата на Германија. |
1956 | Започува Унгарската револуција против советската доминација во Унгарија. |
1973 | Израелската воена команда соопшти дека Израел и Египет се спогодиле да ги прекинат вооружените напријателства на Блискиот Исток. |
1992 | По едномесечна нафтена војна против Македонија, Грција го повлекува ембаргото. |