2022 AP7
2022 AP7 — аполонски астероид голем околу 1 км и заведен како потенцијално опасно тело. Откриен е на 13 јануари 2022 г. од Скот Шепард со Камерата за темна енергија на опсерваторијата „Серо Тололо“ во Чиле.[1]
Откривање[1] | |
---|---|
Откривач | Скот Шепард |
Откриено во | опсерваторија „Серо Тололо“ |
Откриено | 13 јануари 2022 |
Ознаки | |
БЗТ · аполонски · ПОА[2] | |
Орбитални особености[3] | |
Епоха 9 август 2022 (ЈД 2459800.5) | |
Параметар на неодреденост 1 | |
Лак на набљудување | 4,86 г (1.774 дена) |
Афел | 5,015 ае |
Перихел | 0,833 ае |
2,924 ае | |
Занесеност | 0,7151 |
5,00 г[3] | |
25,857° | |
0° 11м 49,647с дневно | |
Наклон | 13,835° |
192,377° | |
30 март 2022 | |
113,590° | |
Земјино НРОП | 0,04716 ае (7.055.000 км) |
Јупитерово НРОП | 1,19258 ае (178,407 Гм) |
Физички особености | |
Среден пречник | 1,1–2,3 км[4][б 1] 1,2 km[5][б 2] |
17,1 ± 0,2[4][3] 17,3 (ЦМП)[2] | |
Астероидот претставува најголемото потенцијално опасно тело во изминатите осум години пред неговото откривање во 2022 г.[6][7][б 3]
Астероидот засега не прави забележливи доближувања до Земјата бидејќи се наоѓа во приближна резонанца од 1:5 со Земјата, и му треба 5 години за да сврти околу Сонцето во високоелиптична орбита.[3] Поради оваа резонанца, тој редовно се наоѓа во положби каде условите за набљудување се неповолно; астероидот станува најсјаен при мали сончеви издолжувања и најслаб (прив. велич. 25)[10] на противположба каде е најоддалечен од Земјата.[4] Поради ова, 2022 AP7 може делотворно да се пребарува само на самрак кога е најсјаен; астероидот бил 45 степени од Сонцето при неговото откривање.[4][11] Во март 2022 г. бил оддалечен 1,4 ае (210 милиони км) од Земјата и нема да дојде толку блиску сè до март 2027 г.[10]
Астероидот не е заведен како ризик. Со текот на илјадници години неговата орбита ќе се промени поради доближувања до Јупитер и Марс.
Белешки
уреди- ↑ Пречничкиот опсег се заснова на апсолутна величина од 17,1 и претпоставено албедо во опсег од 0,20 до 0,05.
- ↑ Апсолутна величина од 17,3 и претпоставено албедо од 0,14 дава пречник од 1.231 м (или ≈1,2 км заокружено). ПОА посјајни од 17,75 апсолутна величина веројатно се поголеми од 1 км.
- ↑ 2014 LJ21 е откриен на 5 јуни 2014 г. и има апсолутна величина од 16,05[8] со проценет пречник од ≈2,2 км. Друг потенцијално опасен астероид со слична големина е 2022 RX3 (апсолутна величина 17,64)[9] со проценет пречник од ≈1,1 км.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „MPEC 2022-B21 : 2022 AP7“. IAU Minor Planet Center. 23 јануари 2022. Посетено на 1 ноември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2022 AP7 na Центарот за мали планети, посет. 31 октомври 2022 г
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 „JPL Small-Body Database Browser: (2022 AP7)“. Jet Propulsion Laboratory. Посетено на 31 октомври 2021.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 Sheppard et al. 2022.
- ↑ „ESA Summary: 2022AP7“. European Space Agency. Посетено на 1 ноември 2022.
- ↑ Space.com 2022.
- ↑ CNN 2022.
- ↑ 2014 LJ21 на Центарот за мали планети, посет. 31 октомври 2022 г
- ↑ 2022 RX3 на Центарот за мали планети, посет. 1 ноември 2022 г
- ↑ 10,0 10,1 „Horizons Batch for 2022 to 2050“. JPL Horizons. Посетено на 31 октомври 2022. (пребар. текст: „00:00 1.4“)
- ↑ „Horizons Batch for January 2022 Solar elongation“. JPL Horizons. Посетено на 1 ноември 2022.
Извори
уреди- Isaac Schultz (31 октомври 2022). „Scientists Find Potentially Hazardous Asteroid Hiding in the Sun's Glare“. Gizmodo.
At nearly 1.5 kilometers wide, it's the largest such asteroid discovered in eight years.
- Robin George Andrews (31 октомври 2022). „'Planet Killer' Asteroid Spotted That Poses Distant Risk to Earth“. The New York Times.
- Ashley Strickland (31 октомври 2022). „'Planet killer' asteroid spotted hiding in the sun's glare“. CNN.
- Scott S. Sheppard; и др. (29 September 2022), „A Deep and Wide Twilight Survey for Asteroids Interior to Earth and Venus“, The Astronomical Journal, American Astronomical Society, 164 (4), doi:10.3847/1538-3881/ac8cff
- Tereza Pultarova (31 октомври 2022). „'Planet killer' asteroid found hiding in sun's glare may one day hit Earth“. Space.com.
Надворешни врски
уреди- 2022 AP7 — Центар за мали планети (англиски)