1310 Филигера
1310 Филигера, привремена ознака 1932 DB — каменест астероид и еден од поголемите пресекувачи на орбитата на Марс од внатрешните области на Главниот астероиден појас, со пречник поголем од 15 km. Бил откриен на 28 февруари 1932 година од германскиот астроном Фридрих Карл Арнолд Швасман во Бергедорф во Хамбург, Германија.[3]
Откривање [1] | |
---|---|
Откривач | Фридрих Карл Арнолд Швасман |
Откриено во | Бергедорф |
Откриено | 28 февруари 1932 |
Ознаки | |
ЦМП-ознака | 1310 илигера |
Наречена по | Валтер Филигер (астроном)[2] |
1932 DB · 1964 TC | |
Пресекувач на орбитата на Марс [1][3][4] | |
Орбитални особености [1] | |
Епоха 16 февруари 2017 (ЈД 2457800.5) | |
Параметар на неодреденост 0 | |
Лак на набљудување | 84,70 а (30.937 денови) |
Афел | 3,2424 ае |
Перихел | 1,5423 ае |
2,3923 ае | |
Занесеност | 0,3553 |
3,70 а (1.352 денови) | |
23,477° | |
0° 15м 59.04с / ден | |
Наклон | 21,074° |
357,32° | |
88,721° | |
Земјино НРОП | 0,7168 ае |
Физички особености | |
Димензии | 15,24 km (пресметан)[4] |
7,830 ± 0,005 h[5] 7,83001 ± 0,00005 h[6] 7,834 ± 0,001 h[7] | |
0.20 (assumed)[4] | |
B–V = 0,905[1] U–B = 0,445[1] Толен = S [1] · S [4] | |
11,45[1][4] | |
Филигера е од типот S по Толеновата таксономска шема. Во орбита е околу Сонцето на растојание 1,5–3,2 ае еднаш на секои 3 години и 8 месеци (1.352 денови). Орбитата има занесување од 0,36 и наклон од 21° во однос на еклиптиката.[1] Не се направен претходни набљудувања и не бил забележан од порано. лакот на набљудување на телото започнува 10 дена по официјалното откритие првото набљудување од Кралската опсерваторија на Белгија.[3]
Во октомври 2001 година, првата вртежна светлинска крива на Филигера била добиена од атрономот Роберт Коф при Тортоновата опсерваторија (713) во Колорадо. Анализата на светлинската крива обезбедува добар вртежен период од 7,830 h со светлинска промена од 0,39 m (U=3).[5] Фотометриските набљудувања од астрономите Рене Рој, Раул Беренд и Пјер Антонини во февруари 2006 година, определиле период од 7,834 h и сетлосна велеичина од 0,36 м (U=3).[7] Во 2016 година, моделираните светлински криви користејќи фотометриски податоци од различни извори, дале сличен период од 7,830 и втрежна оска од (3,63°) во еклиптички координати (U=n.a.).[6]
Досега не се објавени податоци од ниедно вселенско истражување за пречникот и албедото на Филигера. Според КАЛЛ се претпоставува стандардно албедо за каменсести астероиди од 0,20 и пречник од 15,24 km, со помош на апсолутна величина од 11,45.[4] Врз основа на генеричките претворби во однос на претворањето величина-пречник, Филигера би требала да биде со пречник меѓу 13 и 30 km и за албедото во распон од 0,05 до 0,25.[8]
Други поголеми астероиди кои ја пресекуваат орбитата на Марс се 132 Етра (43 км), 323 Брусија (36 км) и 2204 Љули (25 км).
Овој астероид е именуван во чест на швајцарскиот астроном Валтер Филигер (1872–1938), кој е откривач на астероидот од Главниот појас 428 Монахија во Минхен во 1897 година.[2] именувањето првпат е спомнато во Имињата на астероидите од Пол Хергет во 1955 година (H 120).[2]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 „JPL Small-Body Database Browser: 1310 Villigera (1932 DB)“ (2016-11-10 last obs.). Jet Propulsion Laboratory. Посетено на 17 January 2017.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Schmadel, Lutz D. (2007). Dictionary of Minor Planet Names – (1310) Villigera. Springer Berlin Heidelberg. стр. 107. ISBN 978-3-540-00238-3. Посетено на 17 January 2017.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 „1310 Villigera (1932 DB)“. Minor Planet Center. Посетено на 17 January 2017.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 „LCDB Data for (1310) Villigera“. Asteroid Lightcurve Database (LCDB). Архивирано од изворникот на 2017-10-30. Посетено на 17 January 2017.
- ↑ 5,0 5,1 Koff, R. A. (June 2002). „Lightcurve Photometry of 492 Gismonda, 1046 Edwin, and 1310 Villigera“. The Minor Planet Bulletin. 29: 25–26. Bibcode:2002MPBu...29...25K. Посетено на 17 January 2017.
- ↑ 6,0 6,1 Hanus, J.; Durech, J.; Oszkiewicz, D. A.; Behrend, R.; Carry, B.; Delbo, M.; и др. (February 2016). „New and updated convex shape models of asteroids based on optical data from a large collaboration network“ (PDF). Astronomy and Astrophysics. 586: 24. arXiv:1510.07422. Bibcode:2016A&A...586A.108H. doi:10.1051/0004-6361/201527441. Посетено на 17 January 2017.
- ↑ 7,0 7,1 Behrend, Raoul. „Asteroids and comets rotation curves – (1310) Villigera“. Geneva Observatory. Посетено на 17 January 2017.
- ↑ „Absolute Magnitude (H)“. NASA/JPL. Архивирано од изворникот на 2013-07-09. Посетено на 17 January 2017.
Надворешни врски
уреди- Asteroid Lightcurve Database (LCDB), query form (info Архивирано на 16 декември 2017 г.)
- Dictionary of Minor Planet Names, Google books
- Asteroids and comets rotation curves, CdR – Observatoire de Genève, Raoul Behrend
- Discovery Circumstances: Numbered Minor Planets (1)-(5000) – Minor Planet Center
- 1310 Филигера — База на мали небесни тела на JPL