12 декември (настани)

шаблон на Викимедија
1642  Холандскиот морепловец Абел Тасман го открил Нов Зеланд, во југозападниот дел на Тихиот Океан, југоисточно од Австралија. Нов Зеланд бил британска колонија од 1841 година, а британски доминион од 1907 година, кога влегол во составот на Британската заедница на народите како независна држава.
1963  Кенија се стекнала со независност и била прогласена за република во рамките на британскиот Комонвелт.
1979  НАТО дозволил инсталирање на ракети во Европа.
1997  Пијаното на познатиот композитор и диригент, Леонард Бернштајн, на една аукција во „Сотби“, било продадено за 387.500 американски долари.
1997  Во Париз почнало судењето на Карлос Шакалот, „професионален револуционер“ од Венецуела, чие вистинско име е Илич Рамирес Санчес. Тој бил обвинет за некои од најспектакуларните герилски операции во 1970-те и 1980-те години.