Штребек
Штребек е мало село во Саксонија-Анхалт, Германија, во близина на градот Халберштат. Селото е и поранешна општина во округот Харц. Од 1 јануари 2010, е дел од градот Халберштат. Познато е како Schachdorf (село на шахот), поради долгата историска врска со шахот. Селото има околу 1.200 жители.
Штребек | |
Дел во Халберштат | |
Поглед кон Штребек | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Саксонија-Анхалт |
Округ | Харц |
Град | Халберштат |
Основни податоци | |
Површина | 13 км2 |
Надм. височина | 156 м |
Население | 1.149 (31 декември 2006) |
- Густина | 88 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | HZ |
Пошт. бр. | 38822 |
Повик. бр. | 039427 |
Местоположба на дел Штребек во рамките на Халберштат | |
Координати | 51°55′N 10°57′E / 51.917° СГШ; 10.950° ИГД |
Првото спомнување на селото во историјата било во 995 година. Меѓутоа, главниот историски факт, кој се одиграл во селската историја е во 1011. Според легендата, Арнулф, бискуп на Халберштат, бил затворен од војводата Гунцелин. Тој го направил тоа во Wartturm, кула во Штребек и им наредил на локалните фармери да го чуваат. Во текот на досадата во затворот, Гунцелин го создал шаховска табла во собата и ги учел неговите чувари на играта. Играта станала традиција помеѓу месното население, иако отпрвин мислеле дека се работи за игра за деца.
Локалното училиште е единственото јавно училиште во Германија, во кое се изучува шах како дел од наставата и со тоа е започнато од 1823. Почнувајќи од 2004, училиштето е под закана дека ќе биде затворено, поради премалку ученици.
Штребек е дел од мрежата Културно село во Европа и бил домаѓин во 2006 (види ја надворешната врска).
Познати жители
уреди- Едвард Саломон (1827–1909), политичар
-
Црквата во Штребек
Надворешни врски
уреди- Штребек - културно село 2006 Архивирано на 19 февруари 2015 г.