Шток (компанија)
Шток - италијанска компанија за производство на ликери и алкохолни пијалаци, чие име доаѓа од нејзиниот основач, Лионело Шток, кој ја основал во Трст во 1884 година.[1] По преземањето, прво од германска групација, а потоа од американскиот Октри Капитал Менаџмент, компанијата се споила во Шток Спиритс Груп, и во 2012 година сите италијански фабрики биле затворени.[2] Групата потоа била преземена во 2021 година од британскиот приватен капитален фонд Си-Ви-Си Капитал Партнерс, и сега е со седиште во Полска.
Историја
уредиИсторијата на компанијата[1] започнува со целта на Лионело Сток да ги дестилира вината од блиските области, многу барани од Французите за производство на нивниот коњак, кога болест ги уништила посевите во регионот Шаранта.
Така се родил и пијалакот „Коњак Шток Медисинал“, кој со мали промени на етикетата во 1955 година станал бренди Шток 84 („Brandy Stock 84“), водечки производ на компанијата.
Шток започнал повторно лансирање на бренди, помеѓу педесеттите и шеесеттите години од минатиот век, компанијата станала меѓународна, чии производи биле дистрибуирани во 125 земји на сите континенти. Палетата на пазарот постепено се проширувала и вклучувала вотка, виски, грапа, амаро, џин, слатки ликери, вклучително и лимончело, лансирано во 1997 година под името Лимонче.
Од 2012 година, производството било целосно преместено во Чешка, со затворање на сите италијански фабрики и отпуштање на последните 28 работници и 2 менаџери. Во 2019 година компанијата била преземена од компанија специјализирана за производство на грапа.
Во ноември 2021 година Шток Спиритс Груп била купена од Си-Ви-Си Капитал Партнерс, која ја повлекла од берзите во Лондон и Прага, и започнала голем развоен план со понатамошни аквизиции на производители на алкохолни пијалаци во Европа. Групацијата моментално има свое административно седиште во Варшава, Полска, филијали во седум европски земји (италијанската е во Милано) и осум производствени погони во Германија, Чешката[3], Полска, Италија (Франчекорта дестилерии) и Франција.
Производи
уредиКомпанијата имала широк асортиман на производи кои вклучувале: водка, ликери врз база на вотка, горчливи ликери, ракии, вина и сирупи, грапа, бренди и друго. Меѓу другите, најпознати биле:
- Шток 84, вински дестилат одлежан во дабови буриња, бренди што било основен производ на компанијата, со содржина на алкохол од 38% вол.
- Шток бел вермут, ликер со вкус добиен од бело вино.
- Шток црвен вермут, ликер добиен од бело вино со вкус на карамела.
Сите варијанти на вермут имаат содржина на алкохол од 16%.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „About Us“ (англиски).
- ↑ „La Stock chiude lo stabilimento di Trieste“. 12 aprile 2012. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „La Stock abbandona l'Italia, brandy e limoncello diventano made in Repubblica ceca“. 11 aprile 2012. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)
Повеќе за Шток (компанија) на збратимените проекти на Википедија | |
Дефиниции и преводи на Викиречник ? | |
Податотеки на Ризницата ? | |
Образовни ресурси на Викиуниверзитет ? | |
Новинарски известувања на Викивести ? | |
Мисли на Викицитат ? | |
Изворни текстови на Викиизвор ? | |
Прирачници на Викикниги ? | |
? | Информации за патување во Википатување ? ? |