Дестилација
Дестилација е метод на одделување на течните смеси на хемиски соединенија со физичкиот процес на испарување , а потоа кондензирање на состојките на смесата. Се користи за да прочисти едно или повеќе соединенија кои се во смесата. Од техничка страна на гледање, постојат два типа на дестилација: едноставна дестилација (мешавината се состои од само два елементи што сакате да ги одделите) и фракциона дестилација (кога мешавина се состои од неколку фракции, кои треба да се одделат).
За дестилацијата да биде успешна, составот на пареата мора да се разликува од составот на течностите. Основниот услов е разликата (што повисока, толку подобро) точката на вриење на хемиските соединенија кои биле разделени. Сепак, постојат мешавини чии состојки не може да ги одделите. Дури и кога постои разлика во точката на вриење, составот на пареа станува еднаков на составот на смесата. Таквите мешавини ги нарекуваме азеотропски мешавини, еден од попознатите примери е мешавината од 96% алкохол и 4% вода.
Дестилација има широка примена во индустријата, особено во рафинериите за нафта и други хемиски индустрии.
Спротивниот процес од дестилација, кој може да го има истиот ефект (разделување на мешавини) е замрзнување на мешавина.