Марк Слоун (англиски: Mark Sloan) е измислен лик од телевизиската серија на ABC, Вовед во анатомија. Ликот го толкува глумецот Ерик Дејн.

Д-р Марк Слоун
Dr. Mark Sloan
Mark Sloan.jpg
Ерик Дејн како Марк Слоун
Прво појавувањеYestrday
СоздавачШонда Рајмс
ТолкуваЕрик Дејн
Информации
АлијасMcSteamy (Д-р Жежок)
ПолМашки
ЗвањеДоктор по медицина, F.A.C.S.
ЗанимањеГлава на Пластична хирургија во Сиетл Грејс

ПозадинаУреди

Марк бил роден во високо класно но безгрижно семејство во Њујорк. На рана возраст, тој се здругарува со Дерек Шепард и станува како втор син на семејството Шепард, иако на крајот на краиштата тој ќе спие со една од сестрите Шепард, Ненси. Нивното пријателство траело цело детство и понатаму кога станале возрасни и Марк станал кум на венчавката на Дерек со Адисон Монтгомери. Марк завршил факултет на универзитетот Универзитет Колумбиа Колеџ за Психијатри и Хирурзи, го завршил стажанството на Отоларингологија, со диплома за пластична хирургија и брзо станува еден од најпознатите и најпочитуваните хирурзи за пластична хирургија. Како што бракот на Адисон и Дерек отуѓувал, „пријателството“ помеѓу Марк и Адисон се зголемувало и на крајот Марк спие со Адисон и неочекувано Дерек ги фаќа на дело.

Откако Дерек изјавил дека неговото пријателство со Марк и бракот со Адисон се завршени, Марк и Адисон живееат заедно два месеци. За време на овие два месеци Адисон забременува со дете на Марк. Марк отпрвин бил возбуден, но Адисон го абортира поради изневерувањата на Марк и наскоро го напушта Марк и оди по Дерек во Сиетл.

Краток прегледУреди

Историја на ликотУреди

Марк всушност не се појавува во првата сезона, а во втората сезона се појавува само во една епизода додека од втората епизода од третата сезона тој станува главна улога.

Втора сезонаУреди

Марк во оваа сезона е споменат многу пати но само еднаш се појавува во епизодатаYesterday(Вчера).

Марк доаѓа во Сиетл брзо по инцидентот со бомбата во болницата. Тој доаѓа да се смири со Адисон и да го обнови пријателството со Дерек. Во моментот кога доаѓа во Сиетл тој и се приближува на Мередит и со малку флертување ја прашува каде може да ја најде Адисон. Мередит веднаш почнува да разговара со него и тие се запознаваат. Но Мередит не знае дека Дерек ги гледа од далеку. Дерек изнервиран доаѓа и го удира со бокс на Марк. Мередит лута му се дере на Дерек велејќи дека не може да верува дека е толку љубоморен да Мередит не биде со никој друг па го удира и човекот со кој таа зборува но тој ја погледнува и и вели: Убаво од тебе, но тоа е мојот најдобар пријател и тоа е нашиот поздрав откако спиеше со жена ми. Мередит останува шокирана. Подоцна Мередит му помага на Марк да го сошие местото на кое е удрен, но тој повеќе сака самиот да се сошие. Додека се шие тој и кажува се на Мередит и дури и причината зошто дошол во Сиетл. Но од страна Изи и Кристина го гледаат и дискутираат за тоа колку е привлечен и почнуваат да му бираат прекари кога Мередит им се приближува. По размислување да биде „McSexy“ (Мек Секси, Д-р Секси) или „McYummy“ (Мек Јами, Д-р Јами) се одлучуваат за „McSteamy“ (Мек Стими, Д-р Жежок). Марк подоцна кога гледа дека Адисон не го прифаќа а исто и Дерек му понудува на Ричард да изведе една операција на еден млад тинејџер. И операцијата излегува успешно но за жал пациентот умира. А бидејќи Марк е доктор за пластична хирургија вината не е негова. Тој тажно си заминува од Сиетл но пред да оди и кажува на Мередит дека Дерек е вљубен во неа бидејќи кога го начекал со Адисон во кревет не му направил ништо на Марк, а кога само разговарал со Мередит добил бокс. Пред да замине дознава и за неговиот прекар и заминува од Сиетл.

Трета сезонаУреди

Марк првпат се појавува во втората епизода од оваа сезона. Дерек ја бара Адисон за да и каже дека се одлучил за Мередит и ја наоѓа во една хотелска соба. Таа е во бањарка и си ја брише косата седејќи на кревет и пиејќи шампањ. Тој и кажува дека се чувствува ужасно бидејќи нивниот брак е растурен поради негова вина но дека сепак се одлучува за Мередит, но во тој ист момент се отвара вратата од бањата и од неа излегува Марк целосно гол врзувајќи си крпа околу нозете. Дерек радосен ја зема чашата шампањ која ја држи Адисон и вели „оф сега се чувствувам многу подобро“, Дерек излегува од собата а Марк само се насмевнува. Во следната епизода Марк и Адисон се во хотелска соба и Адисон го прашува дали да му викне такси до аеродромот со што кажува дека тој си заминува. Но тој само ја грабнува и почнува да ја бакнува. Подоцна и се јавува на Адисон и ја вика да дојде кај Џо и и кажува дека го пропуштил летот само за да остане со неа. Адисон е лута и му вели дека и било прекрасно со него и доста „освежително“ но е време да си оди од Сиетл. Но на крајот на епизодата се покажува дека Марк резервира соба во хотел на истиот кат на кој резервира Ричард и Кели. Тој се поздравува со Ричард и Ричард го прашува што го довело во Сиетл а тој му вели „.....траектите господине“.

Четврта сезонаУреди

Петта сезонаУреди