Шкумбин Арслани

македонски фудбалер

Шкумбин Арслани (албански: Shkumbin Arsllani; роден 27 февруари 1980 година) ― македонски тренер и поранешен фудбалер од албанска народност.

Шкумбин Арслани
Лични податоци
Роден на 27 февруари 1980(1980-02-27)(44 г.)
Роден во Кичево, СР Македонија, СФРЈ
Висина &100000000000001870000001,87 м
Позиција Одбрана
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2001–2003 Напредок 42 (1)
2004–2005 Работнички 4 (0)
2005 Ренова 14 (0)
2006–2007 Влазрими 33 (3)
2007–2008 Напредок 25 (1)
2009 Работнички 3 (0)
2009 Јувоскило 7 (0)
2010–2011 Влазрими
Репрезентација
2003 Македонија 2 (0)
Тренер на екипи
2019– Македонија под 18 години
2020– Македонија под 19 години
2021– Македонија под 21 година (помошник)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 12 октомври 2009

Играчка кариера уреди

Репрезентативна кариера уреди

Тој го имал своето деби за Македонија на пријателскиот натпревар против Хрватска во февруари 2003 година и има стекнато вкупно 2 натпревари, без постигнати голови. Неговиот втор и последен репрезентативен настап бил пријателскиот натпревар против Полска во истиот месец.[1]

Тренерска кариера уреди

Репрезентативна кариера уреди

Во февруари 2019 година, Арслани станал тренер на репрезентацијата под 18 години.[2]

Во декември 2020 година, тој бил тренер на репрезентацијата под 19 години.[3]

Во август 2021 година, Арслани станал помошник тренер на репрезентацијата под 21 година.[4]

Почести уреди

Наводи уреди

  1. „Player Database“. eu-football.info. Посетено на 1 ноември 2023.
  2. „У-18: Новиот селектор Шкумбин Арслани тестира дури 36 фудбалери“. makfudbal.mk. 2 февруари 2019. Архивирано од изворникот 2023-11-01. Посетено на 1 ноември 2023.
  3. „Благоја Милевски и Шкумбин Арслани организираат заеднички тренинг камп за репрезентациите до 21 и 19 години“. ФФМ. 11 декември 2020. Архивирано од изворникот 2023-11-01. Посетено на 1 ноември 2023.
  4. „Канатларовски: Фудбалерите мора да веруваат во себе и пласман на големо натпреварување“. sportsport.mk. 11 август 2021. Посетено на 1 ноември 2023.[мртва врска]

Надворешни врски уреди