Иван Шишкин

(Пренасочено од Шишкин)

Иван Иванович Шишкин, 18321898) е руски сликар на предели. Учел 4 години во Московското училиште за сликарство, вајарство и архитектура, а потоа ја посетувал Императорската академија на уметностите во Санкт Петербург во периодот од 1856 до 1860 год. каде дипломирал со највисоки почести и златен медал. По пет години Шишкин станува член на Академијата, а подоцна и професор. Истовремено водел и часови по сликање на предели во Вишата уметничка школа.

Портрет на Иван Шишкин од сликарот Иван Николаевич Крамској, 1880 г.

Некеое време Шишкин живеел и работел во Швајцарија и Германија. При неговото враќање во Санкт Петербург, станува член на Дружината на подвижни уметнички изложби и на Друштвото на руски акварелисти. Исто така учестувал и на изложби при Академијата на уметностите, Сѐруската изложба во Москва (1882), Нижни Новгород (1896), и на Светската изложба во (Париз, 1867 и 1878 и Виена, 1873). Шишкиновиот метод на сликање е засован на аналитички проучувања на природата. Тој се прославил со своите шумски предели, но исто така бил и извонреден технички цртач и графичар.

Утро во борова шума 'Ржено поле Дожд во дабова шума