Шипковско Теќе

историско село во Тетовско

Шипковско Теќе (наречено и Шипково Теќе или Шипковечко Теќе) — поранешно село во Општина Тетово. Шипковското Теќе се наоѓало десно од денешното село Шипковица. Селото е иселено и се смета за историско. Административно и катастарски, селото е една целина со селото Шипковица.

Шипковско Теќе
Шипковско Теќе во рамките на Македонија
Шипковско Теќе
Местоположба на Шипковско Теќе во Македонија
Шипковско Теќе на карта

Карта

Координати 42°01′43″N 20°55′56″E / 42.02861° СГШ; 20.93222° ИГД / 42.02861; 20.93222
Регион Полошки
Општина Тетово
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО
Надм. вис. 780 м
Шипковско Теќе на општинската карта

Атарот на Шипковско Теќе во рамките на општината
Шипковско Теќе на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓало на Шар Планина, на околу 780 метри надморска височина. Шипковското Теќе е дел од географскиот регион Долен Полог, во близина на течението на реката Пена. Атарот на Шипковското Теќе денес е под атарот на Шипковица.

Историја

уреди

Селото било основано околу едно бектешко теќе, кое било дел од тетовското теќе. Според верувањата, основано е Куен-баба, каде и умрел. Теќето било составено од една мала куќа, каде се наоѓа гробот на основачот. Според едни испитувања во 1948 година, селото имало 3 куќи. Луѓето биле муслимани познати како Ибраимовци. Луѓето дошле од Дебар. Во 1948 во близина на селото било изградено детско летувалиште.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Trifunovski, Jovan F. (1976). Polog (Etudes аnthropogeographiques) (француски) (1. изд.). Belgrad: Academie Serbe des Sciences et des Art. стр. 365.

Надворешни врски

уреди