Шајени
Шајени се алгонквински народ, староседелци на Северна Америка. Тие зборуваат шајенски јазик, кој припаѓа на прериската група на алгонкински јазици. Во времето на првиот контакт со Европјаните во средината на 17 век тие биле населени на територијата на сегашната американска држава Минесота. На почетокот на 18 век, тие ја напуштиле оваа област и се населиле во област западно од реката Мисисипи, на територијата на денешните држави Северна Дакота и Јужна Дакота. Во средината на 19 век, Американците ги протерале на резервати.
Северните Шајени денес живеат на резерват во југоисточна Монтана. Племето во 2014 година имало 10.840 членови, од кои 4.939 живееле на резерватот. Приближно 91% од населението на резерватот на Северните Шајени се домородни Американци, од кои 72,8% се Шајени. Нешто повеќе од 25% од населението зборува јазик различен од англискиот. [1]
Денес, Јужните Шајени живеат заедно со Јужните Арапахо на заеднички резерват во западна Оклахома. Вкупниот број на Јужни Шајени и Јужни Арапахо е 12.130. Од тој број,во 2003 година, околу 8.000 се изјасниле како Шајени.
Историја
уредиВо времето на првиот контакт со Европјаните во средината на 17 век тие биле населени на територијата на денешната американска држава Минесота. Таму се занимавале со земјоделство. Одгледувале пченка, тиква и грав, а собирале див ориз во помали езера и потоци. На почетокот на 18 век ја напуштиле таа област и ги населиле областите западно од реката Мисисипи, на територијата на денешните држави Северна Дакота и Јужна Дакота. Во тоа време, тие почнале да одгледуваат коњи и да ловат бизони. Откако ја населиле областа околу Блек Хилс во Јужна Дакота и реката Паудер во Монтана, тие се здружиле со Арапахо и ги протерале Кајова во јужните рамнини. Подоцна Шајените биле протерани на запад од побројните Сијукси. Во средината на 19 век, Американците ги протерале на резервати.
Шајените како народ биле формирани со обединување на две сродни племиња, Тсистсистас и Сутај. По обединувањето, тие биле поделени на 10 групи. Ја населиле областа од јужно Колорадо до Блек Хилс во Јужна Дакота. Се бореле против нивните традиционални непријатели Кроу Индијанците, а подоцна и против американската армија (1856–79). Околу 1830 год. тие се поделиле на Северни и Јужни Шајени, некои решиле да останат во близина на Блек Хилс и тоа се Северните Шајени, додека останатите решиле да останат во близина на реката Плат во централниот дел на Колорадо и тоа се Јужните Шајени.
Првобитните 10 групи
уреди- Хевикснајпахис (или Евистстсинипа )
- Хевахетанио (или Хевејтанео )
- Масикота
- Нотамиомесхиз ( Омесхизо, Омасис)
- Сутај (или Сатајо, Сотио, Сотаетанео )
- Вотапио
- Оевманехо (или Оивимана )
- Хесеометанео (или Хисиометанио, Исиометаниу )
- Октогана (или Октогона, Октогуна, Октина, Укотана )
- Хонова (или Хејовоновахиз, Нестаменоо, Хејовонова, Хотнова)
По поделбата на Јужни и Северни Шајени, 7 групи и делови од 2 групи го сочинувале племето Јужни Шајени, додека 1 група и делови од 2 групи го сочинувале племето Северни Шајени.
Северни Шајени
- Нотамиомесхиз (или Омесхизо, Омасис)
- Северни Оевманехо (или Оивимана )
- Северни Сутај (или Сатајо, Сотио, Сотаетанео )
Јужни Шајени
- Хевикснајпахис (или Евистстсинипа )
- Хевахетанио (или Хевејтанео )
- Масикота
- Вотапио
- Хесеометанео (или Хисиометанио, Исиометаниу )
- Октогана (или Октогона, Октогуна, Октина, Укотана )
- Хонова (или Хејовоновахиз, Нестамено, Хејовонова, Хотнова )
- Јужни Оевманехо ( Оивимана )
- Јужни Сутај (или Сатајо, Сотио, Сотаетанео )
Општествено уредување
уредиНајзначајниот поглавица на Шајените бил Чувар на стрелите, следен по важност бил Советот на четириесет и четворицата. Секоја од 10-те групи давала по 4 членови на советот, а преостанатите 4 члена биле советници на членовите на советот избран од групите.
Воените формации биле од големо значење. Тие биле создадени за подобро планирање на војувањето, спроведување на законот и за ритуални обреди. Секое од овие формации имало свои ритуали, носии и свети предмети.
Традиционална прериска култура на Шајените
уредиМажите ловеле со коњи, главно бизони, повремено ги ограбувале соседните народи и војувале со нив. Жените биле задолжени за изработка на облека и шатори од кожи на биволи. Тие исто така собирале корени, бобинки и други корисни билки. Нивниот начин на живот бил активен и физички напорен.
Галерија
уреди-
Шајенски фустан од кожа, околу 1920 год.
-
Шајенска кошула со мониста
-
Шајенски типи од кожа на бизон, 1860 год.
-
Шајенска жена во традиционална облека, 1930 год.
-
Знаме на Северните Шајени
Наводи
уреди- ↑ „Cheyenne Tribe website”Northern Cheyenne Tribe website Архивски примерок на Семрежниот архив (англиски)
Литература
уреди- Grinnell, George Bird. The Cheyenne Indians: Their History and Ways of Life. New Haven, CT: Yale University Press, 1923. 2 volumes; trade paperback, reprints: The Cheyenne Indians, Vol. 1: History and Society, Bison Books, 1972. ISBN 978-0-8032-5771-9; The Cheyenne Indians, Vol. 2: War, Ceremonies, and Religion, Bison Books, 1972. ISBN 978-0-8032-5772-6.