Адвокатот на ѓаволот
Адвокатот на ѓаволот — американски хорор филм од 1997 година, во режија на Тејлор Хакворд и напишан од Џонатан Лемкин и Тони Гилрој. Главните улоги ги толкуваат: Ал Пачино, Кијану Ривс и Шарлиз Терон. Заснован е на новелата на Нидерман со истото име. Филмот доби мешани критики и направи околу 152 милиони долари во бокс офисот.
„Адвокатот на ѓаволот“ | |
---|---|
Режисер | Тејлор Хекфорд |
Продуцент | Ен Копелсон Арнолд Копелсон Арнон Милчен |
Главни улоги | Кијану Ривс Ал Пачино Шарлиз Терон Џефреј Џонс Џудит Иви Крег Т. Нелсон |
Музика | Џејмс Њутн Хауард |
Кинематографија | Андрцеј Бартковиак |
Монтажа | Марк Ворнер |
Студио | Regency Enterprises |
Дистрибутер | Warner Bros. |
Премиера | октомври 17 1997 |
Времетраење | 144 минути |
Земја | САД |
Јазик | англиски |
Буџет | $57 милиони |
Бруто заработка | $153 милиони |
Содржина
уредиКевин Ломакс (Кијану Ривс) е млад, егоцентричен адвокат од Геинсвил, Флорида, кој никогаш не изгубил ниту еден случај, го брани наставникот Лојд Гетис, против обвинение за малтретирање на дете. Иако Кевин сфаќа дека неговиот клиент е виновен, тој сепак се решава да го одбрани својот клиент и да обезбеди пресуда во полза на неговиот клиент. После победата на Кевин, се појавува претставник на адвокатска фирма од Њујорк и му нуди на Кевин голема сума пари за да им помогне во селекцијата на судии. А шефот на фирмата, Џон Милтон (Ал Пачино), исто така му нуди на Кевин голема плата и стан доколку се приклучи во фирмата. Кевин ја прифаќа работата, па тој и неговата сопруга Мери Ен (Харлиз Терон) остануваат во Менхетен. Тој наскоро го поминува поголемиот дел од своето време на работа, оставајќи ја Мери Ен да се чувствува изолирана. Фундаменталистичката и побожна мајка на Кевин, Алиса, го посетува Кевин во Њујорк и се обидува да го убеди да се врати дома заедно со неговата сопруга, но тој одбива, бидејќи тој е привлечен од примамливата работа, луксузниот стан и бројните привилегии.
Кевин е подоцна ангажиран да го брани милијардерот Алекс Кулен кој е обвинет за убиство, од страна на Милтон. Овој случај уште повеќе му го одзема времето на Кевин и уште повеќе го одвојува од неговата сопруга. Мери Ен се збудалува со тоа што почнува да гледа страшни визии и дури има и кошмар. Подоцна докторот ја декларира за неплодна и таа го моли Кевин да се вратат во Геинсвил, но тој не го одобрува тоа. Милтон, познат по добрите совети што му ги дава на Кевин и овој пат го советува Кевин да се повлече од случајот на Кулен за да се грижи за неговата сопруга, но Кевин, бидејќи работата е се на светот за него, тврди дека ако се повлече и ако неговата сопруга се опорави, тој најверојатно ќе ја напушти.
Еди Барзун, менаџерскиот партнер на фирмата, му се заканува Кевин поради активностите на неговата фирма. Милтон дознава за овие закани од Кевин и ги отфрла. Во меѓувреме, Еди е претепан од скитници, кои имаат демонски изгледи. Марија Ен е сведок на ова и е вознемирена од овој настан.
Додека ја подготвува Мелиса да сведочи за алибито на Кулен, Кевин сфаќа дека лаже и му кажува на Милтон дека верува дека Кулен е виновен. И покрај ова, Кевин продолжува со нејзиното сведочење и со судењето. Потоа, Кевин ја наоѓа Марија Ен во блиската црква покриена со ќебе. Таа тврди дека Милтон ја силувал и ја брутализирал, но Кевин верува дека ова не може да биде точно како што бил со Милтон на суд. Но Мери Ен му го покажува нејзиното голо тело на Кевин, откривајќки исеченици. Иако загрижен, Кевин сè уште не верува дека Милтон ја силувал, претпоставувајќи дека Мери Ен сама си се повредила и ја носи во ментална институција.
Алиса, заедно со Кевин и Пам Герети, менаџер за случајот на Кевин од фирмата, ја посетуваат Мери Ен во институцијата, која сè уште е вознемирена. Откако ќе ја види Пам како демон, Мери Ен ја удира со рачното огледало и ја барикадира собата. Додека Кевин ја крши вратата, Мери Ен извршува самоубиство и предоцна е за Кевин да ја спаси. Алиса му открива на Кевин дека Милтон е неговиот татко. Кевин ја напушта болницата за да се соочи со Милтон, кој признава дека ја силувал Мери Ен. Кевин пука со својот пиштол во градите на Милтон, но куршумите се неефективни на Милтон. Милтон открива дека тој е ѓаволот. Милтон бил тој што ја поставил сцената за Кевин. Желбата на Кевин секогаш да победува го вовлече во оваа ситуација. Милтон исто така му кажува на Кевин за неговата полусестра Кристабела и бара од него да зачне дете со неа, Антихристот. Кевин одлучува да си ја искористи својата слободна волја и извршува самоубиство, пукајќи си во глава.
Кевин потоа се враќа назад во времето на судењето на Гетис, за време на прекинот. Тој одлучи да го направи тоа што е праведно и објавува дека нема да може да го застапува својот клиент. Новинарот Лери сака да направи интервју со Кевин и му ветува дека ќе го направи славна личност. Кевин се согласува, после поттикот на Мери. Откако Кевин и Мери ќе заминаат, Лери се преобразува во Милтон. [1]
Глумци
уреди- Кијану Ривс како Кевин Ломакс
- Ал Пачино како Џон Милтон (Ѓаволот)
- Шарлиз Терон како Мери Ен Ломакс
- Џефреј Џонес како Еди Барзун
- Џудит Иви како Алиса Ломакс
- Кони Нилсен како Кристабела Андреоли
- Крег Т. Нелсон како Александар "Алекс" Кулен
- Хитер Матарацо како Барбара
- Тамара Туни како Џеки Хит
- Рубен Сантјаго-Худсон како Лимон Хит
- Дебра Монк како Пем Герети
- Вуто Ругинис како Мич Ривер
- Лаура Херингтон како Мелиса Блек
- Памела Греј како Диана Барзун
- Џорџ Винер како Мајзел
- Нил Џонес како Лери
- Крис Бауер како Лојд Гетис
- Американски Сенатор Ал Д'Амато како себеси
Продукција
уредиАндреј Нидерман го напишал Адвокатот на ѓаволот како новела и беше објавена во 1990 година од страна на Симон и Шустер. Верувајќи дека неговата приказна би можела да се адаптира во филм, Нидерман зборуваше со Warner Bros. и тврдеше дека водеше успешна продажба со синописот "Се работи за адвокатска фирма во Њујорк која претставува само виновни луѓе и никогаш не губи".
Различни сценаристички адаптации на Адвокатот на ѓаволот беа поставени во американските кинематографски студија, а Џоел Шумахер планираше да го режира филмот со Бред Пит како младиот адвокат. Шумахер планирал сцена во која Пит ќе се спушти во системот на метрото во Њујорк, кој ќе биде моделиран врз основа на круговите на пеколот во Божествената комедија на Данте. Без глумец кој ќе го игра ѓаволот, овој проект се распадна.
Судењето за убиството на О.Ј Симпсон и неговиот контроверзен исход даде нов импулс за повторно отворање на проектот, со буџет од 60 милиони долари. Warner Bros. го ангажираа Тејлор Хакфорд да го режира филмот.
Тони Гилрој предводеше голем дел од преработката на сценариото, со надзор од Хакфорд, кој го замислуваше како "модерна морална претстава" и "Фаустанска приказна". Како што сценариото се разви, слободната волја стана тема, во која Милтон всушност не предизвикува настани.
Сценаристите додадоа елемент во содржината дека Ломакс бил син на Милтон и дека Милтон можел да го произведе Антихристот со Ломакс, ниту еден од тие елементи е во новелата. Хакфорд ги наведува филмовите Бебе на Розмари и Омен како влијанија, и двете ја истражуваа митологијата на Антихристот. Уште една промена од романот беше преобраќање на хомосексуалниот клиент во новелата во силувачот Лојд Гетис, избегнувајки ја хомофобијата. Во раната верзија на сценариото, репликата "Подобро да се владее во пеколот отколку да се слугува во рајот" се препишува на Милтон, а не на Ломакс.
Инаку за ангажирањето на глумците, на Ал Пачино претходно му била понудена улогата на Ѓаволот во обидите да се прилагоди романот на Нидерман, но пред финалните препишувања, тој ја негираше таа улога трипати. Кијану Ривс одлучи да глуми во Адвокатот на Ѓаволот отколку во Брзина 2, и покрај ветените 11 милиони долари за продолжението на хит филмот Брзина од 1994 година. За Адвокатот на Ѓаволот, Ривс исто така се согласи на намалување на неговата плата во минус од неколку милиони долари, бидејќи продуцентите сакале да ги исполнат барањата за плата на Пачино. За да се подготви за улогата, Пачино го гледал филмот "Ѓаволот и Даниел Вебстер" од 1941 година и ги набљудувал советите од Валтер Хјустон како г-дин Скреч. Тој, исто така, ги прочитал деловите од Божествена Комедија: Пеколот на Данте и Изгубениот Рај.
Кони Нилсен, данска глумица, беше избрана од Хакфорд за улогата на Кристабела. Таа може да зборува неколку јазици, со Хакфорд велејќи дека таа веќе зборувала повеќе јазици. Крег Т. Нелсон, познат по својата телевизиска работа, беше примен во вид на злобна улога. Снимањето на филмот се одвиваше на 57-та улица во Њујорк, голем број цркви и судови беа домаќини на продукцијата. Внатрешноста на црквата на Небесниот Одмор во Њујорк беше користена, кога ликот на Терон вели дека Милтон ја силувал. Надвор од Централната Пресвитеријанска Црква беше снимен погребот на Барзун, додека Пачино беше во Менхетенската црква. За судските сцени, судницата Берген во Њу Џерси беше позајмена за продукција, како и некои историски судници во Њујорк.
По завршувањето на снимањето во Њујорк во март 1997 година, продукцијата се пресели во Флорида во јули 1997 година. Во Џеинсвил, Флорида, внатрешноста на бизнисот на г-ѓа Ховард во Риверсајд и Авондејл била искористена за сцените во Њујорк. Нејзиниот ко-сопственик Џим Ховард ја реконструираше продавницата и се појави како екстра глумец. Црковните сцени во Гејнсвил биле снимени во актуелната црква во Геинсвил, откако Хакфорд го убедил пасторот и неговите членови да учествуваат и дека неговата приказна била за борба против ѓаволот.
На крајот од филмот, Џон Милтон се претвора од Луцифер во паднат ангел. Екипата го создаде ефектот комбинирајќи животински маски на кои се прикажани Ривс, Пачино во 1997 година и Пачино како што се појавил во неговиот филм "Кум" од 1972 година. Дизајнерот на "Кум", Дик Смит, ја дал маската што ја создал во 70-тите години на дизајнерот на Адвокатот на Ѓаволот, Рик Бејкер. Дополнително, Бејкер создаде слики за демонски ликови кои се гледаат на вистински глумици и глумци, а раце исто така се појавуваат под телото на Тамара Туни, ова дигитална творба е придонес на Ричард Гринберг и Стефани Пауел.
Снимките на балерините кои се движат во водата биле користени како основа за анимирана скулптура на Милтон. Продуцентот на специјални ефекти, Едвард Л. Вилијамс, рече дека снимал луѓе за ефектот на статуата и дека биле голи и сместени во резервоар до син екран. Потребни биле три месеци за снимање на луѓето и потоа додавање на компјутерски ефекти, по цена од 2 милиони долари или 40% од целокупниот буџет за специјални ефекти.
Џејмс Њутон Ховард ја создал музиката за филмот. Ги искористил песните "It Happened in Monterey" и "Paint It Black" од Ролинг Стоунс, која била искористена за затворањето на филмот.
Наводи
уреди- ↑ Антена, број 841, 8.8.2014, стр. 17.