Градинарска чубрика
Градинарската чубрика или градинарска чубрица (науч. Satureja hortensis) — вид на скриеносемени растенија од семејството на усноцветните (Lamiaceae). Таа е едногодишно растение со мали зелени листови и розови цветови. Сувите лисја се користат како зачин. Често се чува и како украсно растение. Во Македонија чубриката е еден вид на традиционално растение, со кое се прави т.н. к’цана сол (во Кратовско) или ченка миродија (во Тетовско).
Градинарска чубрика | |
---|---|
Научна класификација [ у ] | |
Царство: | Растенија |
клад: | Скриеносеменици |
клад: | Евдикоти |
клад: | Астериди |
Ред: | Усноцветовидни |
Семејство: | Усноцветни |
Род: | Чубрика |
Вид: | Градинарска чубрика |
Научен назив | |
Satureja hortensis L. |
Надворешни врски
уреди- Градинарска чубрика на Ризницата ?
- „Градинарска чубрика“ — Енциклопедија на живиот свет