Чубрика

Чубрика или чубрица[2] (науч. Satureja) — род на ароматични растенија од семејството на усноцветните (Lamiaceae), сродни на рузмаринот и мајчината душичка. Постојат околу 30 видови, од кои најважни се градинарската и планинската чубрика.

Чубрика
Градинарска чубрика (Satureja hortensis)
Научна класификација [ у ]
Царство: Растенија
клад: Скриеносеменици
клад: Евдикоти
клад: Астериди
Ред: Усноцветовидни
Семејство: Усноцветни
Род: Чубрика
L.
Синоними[1]
  • Thymbra Mill. 1754 not L. 1753
  • Saturiastrum Fourr.
  • Euhesperida Brullo & Furnari
  • Argantoniella G.López & R.Morales

Опис уреди

Овие растенија потекнуваат од топлите умерени подрачја и може да бидат едногодишни или повеќегодишни. Се јавуваат во облик на ниски билки и полугрмушки, со висина од 15–50 см.

Листовите се долги 1-3 см. Цветови се распоредени кружно околу стебленцето, а по боја се бели до розово-виолетови.

Екологија и одгледување уреди

Чубриката е храна за ларвите на некои видови пеперутки и молци. Гасениците на молецот Coleophora bifrondella се хранат исклучиво со планинската чубрика (S. montana).

Покрај ова, растенијата се одгледуваат и за украс, при што бараат сончевина и добро исцедена почва.

Македонски ендем уреди

Како ендемска во Македонија се јавува Адамовиќевата чубрика (Satureja adamovicii), и тоа само во клисурата на реката Раец.[3]

Употреба уреди

 
К’цана сол со чубрика во традиционално канче, Кратово.

Градинарската и планинската чубрика се користат како додаток во кулинарството. Позастапена во кујните е градинарската, но ја има само на лето. Планинската чубрика е зимзелена и расте повеќе години.

Градинарската чубрика се користи како зачин во традиционалната македонска кујна, за добивање на додатоци како „к’цана сол“ и како додаток во грав. Во Италија е присутна исто така како додаток за гравот, во романската кујна е застапена како зачин за сарми, во манџите во француската кујна.

Од S. douglasii или јерба буена (шпан. yerba buena = „добра билка“) на западот на САД се прави билен чај.

Некои видови уреди

 
Планинска чубрика

Наводи уреди

  1. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име n.
  2. позната и како чебрика
  3. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „“. Македонска енциклопедија. , книга . Скопје: МАНУ. стр. 1630. Text "series " ignored (help)
  4. „чубрика“ - Дигитален речник на македонскиот јазик